2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Изборот за правилна исхрана, побарајте го од својот лекар, наместо од медиумите

Текстовите во кои се изнесени тврдења кои сугерираат дека здравјето може да биде загрозено или ќе биде подобрено ако не се консумира или се консумира извесен прехранбен производ; тврдењата кои насочуваат кон брзо намалување на телесната тежина со користење на одредени видови храна за кратко време, често преку манипулација ја доведуваат јавноста во заблуда, при што може да го загрозат и здравјето на поединци. Во медиумите во одредени текстови, кои често може да бидат и промотивни, а не се така означени, се среќаваме со наведувања дека одредена храна или пијалак се „здрави“, или на друг начин го потенцираат нивниот нутритивен или здравствен ефект.

За жал, ова е манипулативно, погрешно и штетно. Псевдонауката е лажна наука која ги претставува тврдењата засновани на погрешни или непостоечки научни докази. Во повеќето случаи, се презентираат тврдењата кои изгледаат како релевантни, но за изнесените тези постои мала или никаква емпириска поддршка.

Псевдонауката се состои од тврдења, верувања или практики кои се претставуваат како научни и фактички, но се некомпатибилни со научниот метод. Псевдонауката може да биде многу штетна, особено кога пласираните информации нема да бидат стручно потврдени, а ќе бидат практикувани во одредени здравствени ситуации.

Псевдонауката често ја користи храната, како алатка за манипулации на јавноста.

Еве неколку митови кои се користат како алатка за заведување:

МИТ: Жолчките од јајце го зголемуваат холестеролот

Факт: Жолчките од јајце содржат диетален холестерол; ова е факт. Истражувањата утврдиле дека холестеролот во исхраната нема никаква врска со серумскиот холестерол, материјалот во вашата крв. Истражувачите од Универзитетот Вејк Форест прегледале повеќе од 30 студии со јајца и не откриле никаква врска помеѓу срцевите заболувања и потрошувачката на јајца, а студијата од Сент Луис открила дека консумирањето јајца за појадок може да помогне во намалување на внесот на калории за остатокот од денот.

МИТ Органската храна е здрава

Факт Органскиот чоколаден сируп, колачиња, чипс и слатките имаат иста количина шеќер, маснотии и празни калории. Етикетата „органска“ не значи по автоматизам јадете што сакате и колку сакате.

МИТ: Салатите секогаш се најздрава опција

Факт: За волја на вистината, додатоци кои ја дополнуваат вашата салата, можат да бидат исто толку лоши како и плескавица со вода. Внимателно со прилозите во салатите како сирење, сланина, суво овошје, но и зачини со кои ја зачинувате.

Избалансираната исхрана може да придонесе да останете здрави, но мора да знаете дека лененото семе и киноата не се лек. Секогаш ќе постои некој кој ќе проповеда, ќе ве уверува како да јадете, ќе ви пренесува многу факти за лошата и добрата храна. Меѓутоа, сè додека јадете широка лепеза храна, умереното земање на неколку „празни калории“ навистина не е голема работа, особено ако ви причинува задоволство.

Препораки за вас:

Не дозволувајте да ве манипулираат со недокажани податоци.

Вашето здравје е ваша грижа. Изборот на правилна исхрана, нека биде избор на вашиот лекар кој најдобро го познава вашето здравје.

Слабеење или контрола на тежината, или намалување на достапните калории од исхраната, мора да биде следено од стручно лице. Тежината надолу или нагоре, може да се направи внимателно и со соодветен надзор. Практиките од текстовите за брзи диети може да бидат штетни за вашето здравје.

Не постојат волшебни формули кои не се научно поткрепени.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ