2.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Ни испратија порака: новинарството не ни треба!

Упадот во Собранието на 27 април 2017 година е најсериозниот инцидент во кој не само што се повредија правата на 20-тина новинари и медиумски работници, туку се повреди правото на јавно информирање на граѓаните.

Новинарите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) останаа сами да ја бараат правдата пред надлежните судови и истите судови покажаа различен аршин. Не ги видоа виновниците, ниту во насилниците, ниту во државата која не ги заштити, изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на собирот пред Основното јавно обвинителство со кој го одбележаа Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите.

– Ни пратија порака „Новинарството не ни треба“. Затоа сме денеска тука, да потсетиме дека правдата за 27 април е селективна, додека политичарите беа заштитени, медиумските работници беа извисени – изјави Чадиковски.

Нема достапен опис
Новинарите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го одбележаа Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите

Претседателот на ЗНМ порача дека 27 април останува да биде симбол на неказнивоста кон напад врз новинарите и ги повикаа институциите сериозно и ефикасно да ги истражат сите напади врз новинари и да ги казнат одговорните.

Тој потсети дека без одговорниот пристап на институциите, нападите врз новинарите ќе продолжат, а ќе станат и поагресивни со што може да го доведат во прашање животот на новинарите.

Нема достапен опис
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на собирот пред Основното јавно обвинителство

Институциите треба да разберат дека напад на новинар во исто време е напад и врз слободата на говор, правото на граѓаните да се информираат и демократијата воопшто, додаде Чадиковски.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека ЗНМ и синдикатот како партнерски организации повеќе од пет години работат на идејата преку законско решение се стави крај врз насилството врз новинарите. Тој апелираше до институциите ако правдата за 27 април не е добиена, сега имаат можност да ја поправат таа грешка. Во текот на наредниот период да го изгласаат законот, со кој на медиумите и медиумските работници ќе им овозможи отстапување од законот, односно гонење на насилниците по службена постапка.

Нема достапен опис

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,754FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ