Дома Став Изјава Д-р Маја Каличанин Марковска: седењето пред комјутер ја промени структурата на детското...

Д-р Маја Каличанин Марковска: седењето пред комјутер ја промени структурата на детското тело

Модерниот начин на живот подразбира сé помалку движење, сé помала употреба на мускулатурата. Човекот никогаш претходно не седел толку колку што седи во последниве неколку децении, најмногу поради дигиталните алатки кои му се на дофат. Ова е посебно лошо за децата, чие што тело во тие години треба правилно да се оформува.

Наша препораката наша е што повеќе надвор, што повеќе спортување, за да ја развиеме мускулатурата, бидејќи тоа не е само добро за коските и мускулите, добро е и за срцето, дишењето, намалување на дебелината, стекнувањето на здрави навики кои понатака ќе го намалат ризикот од шеќерна болест, срцев удар… вели за „Приказна“, Д-р Маја Каличанин Марковска – специјалист по ортопедија во Систина.

Приказна ЕП.33 – Тема: Интернет зависност

Приказна: Како прекумерното поминато време на интернет, пред компјутер или мобилен телефон, влијаат врз целокупниот детски развој?

Д-р Маја Каличанин Марковска: Седечкиот начин на живот многу ја промени структурата на детското тело. Се’ почесто, како дигитализацијата оди нагоре, децата се повеќе сакаат дома, а помалку надвор, но тоа си има многу реперкусии. Меѓу нив се неправилно држење, ослабена мускулатура, не само како градба на мускул, туку и како јачина. Тоа доведува понатаму до намалување на моторните вештини кај децата. Стануваат тромави, невешти, не се така активни како деца кои спортуваат. Тоа води понатаму и до зголемување на телесната тежина, намалување на моторните способности, води до деформитети, особено на р’бетниот столб.

Се’ поголем е бројот на деца кои се жалат на деформитети, посебно болки во грбот, имаат проблеми со видот.

Наша препораката е што повеќе надвор, што повеќе спортување, за да ја развиеме мускулатурата, бидејќи тоа не е само добро за коските и мускулите, добро е и за срцето, дишењето, намалување на дебелината, стекнувањето на здрави навики кои понатака ќе го намалат ризикот од шеќерна болест, срцев удар итн.

За Приказна,

Ване Маркоски

Exit mobile version