5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

д-р Ели Ханџиска:Анаболните стероиди имаат штетен ефект врз младите и адолесцентите

Најчести спортови коишто користат забранети супстанции и методи се забележани во велосипедизмот, кревање тежина, атлетиката и пливањето, вели во интервју за Приказна, д-р Ели Ханџиска, член на национална антидопинг комисија

Приказна Што е допингот?

Д-р Ели Ханџиска Допингот опфаќа многу повеќе активности, не само извршување и изведување на допинг контроли и земање примероци на крв и урина. Зазема и останати поглавја како што е едукација, истражување итн.

Допингот подразбира користење на забранети средства и методи од страна на спортистот со цел да се подобри неговиот резултат или спортски перформанс. По дефиниција допингот подразбира појава на едно или повеќе прекршување на правилата коишто се прецизно дефинирани во членот 2 на антидопинг правилата на македонското НАДО.

Македонското НАДО е антидопинг комисија. Овие правила се имплементирани од 1 јануари 2021 и доставени до сите спортски федерации во нашата земја, и се во согласност со правилата и меѓународните стандарди издадени од страна на светската антидопинг агенција. Позитивната допинг листа која се објавува во иста или променета содржина секој јануари, во согласност со Антидопинг кодот.

Според оваа дефиниција имаме неколку прекршувања на правилата а тоа се: присуство на забранета супстанција, нејзин маркер во примерокот на спортистот, потоа неуспех, одбивање или избегнување на давање примерок, употреба на забранета супстанција и метод од страна на спортистот или неуспех на давање на доволно точни податоци за лоцирање, место и време на спортистот. Ова се однесува на контроли кои се вршат надвор од натпревар. Потоа имаме манипулирање и обид за манипулирање во текот на изведување на допинг контролата од страна на спортистот или некој негов близок, трговија, соучесништво, продавање.

Приказна Каква реакција предизвикуваат во организмот овие недозволени средства?

Д-р Ели Ханџиска Прво би сакала да кажам дека сите супстанции кои се на забранетата листа, за да бидат ставени на таа листа, треба да исполнуваат барем 2 од вкупно 3 критериуми. Тоа се:

  • да ги подобрува спортските перформанси,
  • да се штетни по здравјето на спортистот и
  • да го повредуваат спортскиот дух.

Оваа листа ја издава светската антидопинг комисија секоја година, и ја обновува. Сега, очекуваме да стигне новата листа за 2023 година, која ќе стапи на сила од 1 јануари, следната година со сите возможни модификации и промени на таа листа, затоа што секоја година треба да се следат тие промени коишто ги издава ВАДА. На оваа листа може да се види дека супстанциите се подели во 3 групи.

Првата група се супстанции кои се забранети, и во тек на натпревар и надвор од натпревар, како што се анаболните стероиди, пептивните хормони и нивни модулатори, бета 2 агонистите, диуретиците, тука спаѓа и забранетите методи каде што влегува манипулирањето со крвен допинг, хемиски и физички манипулации, и трансфузија на крв.

Во втората група спаѓаат супстанции кои се забранети само во тек на натпревар. Тука се стимуланските, гликокортико стероидите, наркотиците. Во третата група спаѓаат супстанциите кои се забранети само во некои групи на спортови, како бетаблокерите во стрелаштвото или во автомобилизмот.
Сите овие супстанции кои се наведени во списокот, имаат свои терапевтски цели. Меѓутоа, доколку тие се земаат неоправдано, тие може да предизвикаат и многу лош ефект врз здравјето на спортистот. На пример, стимулансите кои спаѓаат во втората група на забранети супстанции, се даваат како резултат на дефицит на внимание, но доколку неконтролирано се земаат, може да предизвикаат анксиозност, зголемен крвен притисок, зголемена работа на срцето, чести се срцеви аритмии, срцев удар, итн. Додека пак анаболните стероиди, предизвикуваат штетен ефект доколку се земаат од страна на младите, адолесцентите кои сè уште се во раст и развој, па влијаат на заостанување на растот на долгите коски. Тука се јавува престанок на раст и развој кај децата, кај младите, меѓутоа многу често се појавува импотенција кај мажите поради тоа што предизвикува намалување на развојот на тестисите, ја нарушуваат сперматогенезата и на крај предизвикуваат импотенција, раст на градите кај мажите, додека кај жените се намалува растот на градите. Тие предизвикуваат појава на продлабочување на гласот, нарушување на менструалните циклуси итн.

Имаме т.н. крвен допинг. Во најново време, во поразвиените земји најчесто се користи еритропоетинот, но познати се и некои синтетички носачи на кислород и исто така се користи трансфузијата на крв. Еритропоетинот во медицински цели се користи кај анемија со бубрежно заболување, меѓутоа спортистите најчесто го користат со цел да се зголеми бројот на црвените крвни зрнца и да се зголеми количеството и дотокот на кислород во ткивата. Ако се зема често и прекумерно може да доведе и до белодробни емболии, срцеви заболувања итн.

Потоа имаме група на хормони на раст, коишто многу често се достапни. Доколку се користат и во фазата на раст и развој предизвикуваат зголемување на растот на периферните делови на телото, како што се дланките, стапалата, вилицата, ушната школка. Диуретиците предизвикуваат дехидратација и замор, но штетно делуваат на сите системи. Потоа имаме канабоиди. Марихуаната таа може да се користи за намалување и ублажување на болката, но предизвикуваат генерално релаксација, нарушување во координација, рефлекси итн. и во големи дози може да предизвикаат депресија на респираторниот систем.

Документарен магазин Приказна на тема стероиди

Приказна Во кој спорт најмногу се користат недозволени средства?

Д-р Ели Ханџиска Најчести спортови коишто користат забранети супстанции и методи се забележани во велосипедизмот, кревање тежина, атлетиката и пливањето. Ниеден спорт не останува имун на допингот. Во секој спорт се случува да се пронајде забранета супстанција. Најчесто се присутни стимулансите, анаболните стероиди, бетаблокерите и канабоидите и наркотиците.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ