Останете во контакт со природата. Научниците откриаат дека два часа неделно во природа, придонесува до подобро здравје и благосостојба. Според низа истражувања зелените рецпети може да придонесат да се намалат симптомите за меланхолија. Садење на растенија и прошетките влијаат позитивно. Градинарството придонесува да се намалат симптомите на анксиозност и депресија, го подобрува вниманието, но влијае и на намалување на кортизолот, хормонот на стрес, како и врз зголемување на целокупното задоволство од животот и квалитетот на животот.
Социјалната и терапевтската хортикултура ја користи градината како безбедно и сигурно место за развивање на вештини за воспоставување релации, комуникација односно градење социјални врски во кои преку дружење се совладуваат и практични вештини кои помагаат да се биде независен.
Директорот на ботаничката градина во Оксфорд, Велика Британија, професорот Сајмон Хисок, изјавил дека растенијата и грижата за нив, се користат уште од античко време како техники за лекување на меланхолија, анксиозност и депресија.
Според дипломираниот психолог, Деница Чадиковска од продавницата за растенија, Зелена, нивната идеја да ја отворат Зелена, потекнува од фактот што во последните неколку години се бележи пораст на заинтересираноста на младите за одгледување растенија. Причината за ова е токму анксиозноста- вели Деница. Во овој забрзан свет, каде младите се опкружени со негативни информации и стравови од иднината и неизвесноста, ова хоби се покажува како начин на намалување и справување со анксиозноста. Истражувањата покажуваат дека растенијата го намалуваат стресот и го подобруваат расположението. Кога луѓето се опкружени со растенија се зголемува нивната концентрацијата и креативност, а се подобрува и меморијата. Ова се работите кои први страдаат под удар на стресот. Па, може да се каже дека на некој начин растенијата работат против негативните ефекти од анксиозноста.- изјави Деница.
Но, користа не доаѓаат само од тоа да се има растенија во просторот, туку и од самата грижа за нив, како на пример пресадувањето, додава Деница. Микробите кои живеат во почвата се добри и за физичкото и за психичкото здравје. Докажано е дека тие можат да поттикнат лачење на серотонин, што не прави посреќни и порелаксирани, а истовремено и го подобруваат нашиот имун одговор. Освен тоа, секое ново ливче кое ќе се појави е награда за нас и потврда дека преку нашата грижа сме и вратиле нешто на природата. Затоа наша задача во Зелена е да им помогнеме на луѓето да го најдат вистинското растение за нив и да им обезбедиме помош и поддршка при одгледувањето, бидејќи среќни растенија значат среќни луѓе, вели Деница од продавницата за растенија Зелена.
Хортикултурата како терапија е практика докажана со време. Терапевтските придобивки од градинарските средини се документирани уште од многу одамна. Во 19 век, Д-р Бенџамин Раш, потписник на Декларацијата за независност и признаен како „татко на американската психијатрија“, прв го документирал позитивниот ефект што го има работата во градината врз лицата со ментална болест.
Има растенија или зачини кои се едноставни за одгледување, доколку немате градинарско искуство, препорачува Деница. Зачинските билки како нане, мајчина душица, босилек, па дури и магдонос, се многу едноставни ако немате искуство. Покрај нив, може да пробате да одгледувате сукуленти, потоа Драцена, Сан Севериа, Фикус, Бамбус и слично.
За Приказна,
Вики Ч.