Македонија е богата со прекрасна природа, која може да се истражува и притоа вистински да се ужива. Целта, идејата и концептот на возење SUP даска е на еден поинаков и комплетно, несекојдневен и различен начин да се видат и доживеат природните убавини кои не опкружуваат, со целосна симбиоза и поврзување со природата на начин што многу ретко може да се сретне кај останатите надворешни спортски дисциплини, споделува Дамјан Петрески пренесувајќи ја интересната приказна на Paddle Klub
Приказна Каков вид спорт е веслањето со вакво пловно помагало-суп даска?
Дамјан Петрески Како што и самото име објаснува ова е даска за стоечко веслање, самиот спорт се практикува претежно на вода, ние практикуваме да биде на мини води, избегнуваме да биде тоа на ветер. Во принцип е даска, на која се стои на средината доколку сурфаме седиме некаде поназад, за да имаме баланс и се придвижуваме со весло, за разлика од сурфањето каде собираме брзина со рацете за да се кренеме на бран.
Приказна Како се развива овој алтернативен спорт кај нас?
Дамјан Петрески Низ годините, забележуваме поголема заинтересираност и кај нашите. Претходно заинтересираноста била само кај странците, бидејќи овој спорт е дојден малку подоцна кај нас.
Во последните години има доста голем раст на самиот спорт кај нас, бидејќи гледаме на самите места каде што одиме се повеќе луѓе имаат сопствена даска и го практикуваат овој спорт можеби на местата каде што живеат.
Ние како мобилна организација одиме по сите езера низ Македонија. На тој начин многу од локалните мештани го практикуваат овој спорт, но секако и странците се заинтересирани, а воедно и се вчудовидени од нашите убавини.
Приказна Кои места се привлечни за туристите кои го практикуваат овој спорт?
Дамјан Петрески Практикуваме да запознаеме многу луѓе, не само од нашата држава, туку и странци кои доаѓаат во нашата држава, да ги запознаеме со местата низ Македонија кои не се толку познати, вклучувајќи ги реките и езерата во Македонија. Знаете како, секогаш кога се организирани не само нашите тури, туку и оние кајак тури, организирани се во поатрактивните места или викенд населби. Ние се обидуваме да ги вклучиме можеби и малку непознатите места како Калиманци, Велешко и слично. На овој начин, настојуваме да ги запознаеме луѓето со повеќето езера и реки кај нас.
Приказна Има ли Македонија потенцијал преку вакви приказни да се промовира како атрактивна туристичка дестинација?
Дамјан Петрески Јас би рекол Македонија има многу голем капацитет во моментот. Мислам дека го искористуваме максимумот на овој спорт кај нас. Има 15-16 езера кои ги посетуваме, водостојот кај нив е различен. Па ги посетуваме не многу често, за разлика од Козјак и Матка, Маврово и Охрид и Преспа каде е константен водостојот. Се обидуваме и на другите езера. Знаете како, ние мора да размислуваме, не само за нас, туку и за странците, бидејќи Македонија е можеби на едно повисоко ниво кога се работи за овој спорт.
За Приказна
Ване Маркоски