5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Готвиме со Теа: Македонската кујна е идеална за експерименти

Во другите држави ја прават шопската салата, ама не го рендаат сирењето, па затоа ренданото сирење е карактеристично за нашата земја. Ние сме надалеку прочуени дека имаме најубаво бело овчо сирење и сите туристи си земаат едно парче сирење со ајвар и ракија и си ги носат дома како едно обележје од нашата земја кое им оставило впечаток, вели за „Приказна“ една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, Теодора Георгиевска, која стои зад профилот „Готвиме со Теа“.

Фото: Приватна архива

Теа е млада и постојано подготвена за нови кулинарски предизвици. Секогаш подготвува секогаш интересни и вкусни рецепти, за што сведочат коментарите и реакциите на нејзината публика, која ја следи на социјалните мрежи. Денеска во „Приказна“ разговараме со Теа или позната како „Готвиме со Теа“.

Бидејќи нашата земја изобилува со разновидни овошја и зеленчуци, нашата кујна изобилува со најразлични видови на рецепти коишто се традиционални кај нас, но се направени со овошја и зеленчуци од целиот свет, па затоа во денешно време традиционалните јадења и се малку изменети, смета Теа.

Ова е вистинскиот предизвик, токму Теа да се фрли во истражување на рецептите и презентирање на истите на еден нејзин поинаков начин на подготовка. Нашите традиционални јадење се нејзина инспирација, а за нив вели дека се гордост на Македонија.

Да ги спомнеме традиционалните јадења како тавче гравче, кое за сите туристи е интересно и специфично, па макалото кое се прави со везена пиперка, исто така тука е качамакот, киселата зелка која е специфична за нашето поднебје. Понатака традиционален зелник, на пролет излегува лозата, па ги имаме сармите од лозов лист, па во лето имаме пинџури, вели Теа за „Приказна“.

фото: Приватна архива

Теа во листата на рецепти со специфичен македонски шмек ја смести и шопската салата, а причината за тоа е, верувале или не, ренданото сирење.

Во другите држави ја прават шопската салата, ама не го рендаат сирењето, па затоа ренданото сирење е карактеристично за нашата земја. Ние сме надалеку прочуени дека имаме најубаво бело овчо сирење и сите туристи си земаат едно парче сирење со ајвар и ракија и си ги носат дома како едно обележје од нашата земја кое им оставило впечаток.

Во однос на влијанието на другите кујни врз македонската, најсилно според Теа има турската кујна.

Најголемо влијание има турската кујна во делот на благите јадења. Тоа сè се прифатени јадења од таму, како што се кадаифот, баклавата, сутлијаш и слично, но сепак низ годините нашите домаќинки ги измениле и додале наш шмек.

Благо, солено, луто, слатко, кисело, тоа се вкусовите кои се препознатливи за нашата традиционална кујна, вкусови кои дозволуваат промени и експерименти, а тоа можеби е и еден од најдобрите адути за да таа продолжи да се негува и од младите и талентирани готвачи, како Теа.

Фото: Приватна архива

Сите овие рецепти гледачите може да ги најдат кај мене на Инстаграм и на Фејсбук „Готвиме со Теа“. Таму може да ги најдат сите овие рецепти кои ги спомнав и да си го подготват дома.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ