Дома Став Интервју Гордана Поп Иванова: Студентите во Каен имаат одлични услов за студирање

Гордана Поп Иванова: Студентите во Каен имаат одлични услов за студирање

Гордана Поп Иванова – мајка на Сара која студира економија во Каен Франција. Со неа поразговаравме за студентскиот живот на нејзината ќерка.

Како е задоволна Вашата ќерка од студентскиот живот во Франција?

Гордана Поп Иванова – Кога тргнуваше оттука беше малку исплашена. Вели ќе заминам, ама ова не е одмор да се вратам за 15 дена. Меѓутоа кога отиде рече дека е многу мотивирана, да не се грижиме за неа, условите им се одлични. Точно дека собата е девет метри квадратни, но е многу рационално наместена, опремена и уредена. Одлично функционира во Каен од аспект што до сега беше мамина и татина ќерка, а сега веќе самостојно си ги презема сите обврски, не само учењето, туку и обврските како пазарење, готвење … Така што веќе е самостоен човек.

Кога се вселуваат празна е собата, потоа вие си ја опремувавте по вкус на студентката?

Гордана Поп Иванова – Да, кога влеговме собата беше празна, чиста, имаше нов душек со најлон. Затоа што сепак е девојче бевме во ИКЕА, испазаривме тоа што ѝ е ќеф: розево перниче, розево ќебенце, тенџерчиња, така што го опремивме за нормално функционирање. Да не се чувствува како да е на железничка станица и дека е тоа привремен престој, туку дека таму треба да ги помине наредните три до пет години во тоа место. Можеби нема да биде во таа соба или во Каен, меѓутоа треба да се чувствува пријатно.

Какви се досегашните искуства, колку е задоволна од престојот?

Гордана Поп Иванова – Помина еден семестар, имаа колоквиуми во ноември, имаа испити во декември. Многу е задоволна. Просекот којшто го постигна за првиот семестар дури го надминува просекот на француските студенти, колегите кои ги има во својата група. Мотивирана е и сериозно се зафати со учење и за вториот семестар.

Документарен магазин Приказна

Какви привилегии има како студентка?

Гордана Поп Иванова – Со запишувањето на универзитетот, во кампусот добиваат Лео карта која е повеќенаменска. Иницијално ја користат за влез во зградата која е обезбедена со ограничен пристап. Со таа карта можат да јадат во студентската менза каде што оброкот е три и пол евра, можат да јадат и во некои ресторани каде што е дозволен попуст за студенти. Со таа карта со 20 евра годишно можат да купат карти за претстави во театар и за кино. Имаат попусти во јавниот транспорт којшто е одлично организиран.

Во близина имаат и море?

Гордана Поп Иванова-Да, на дваесет минути возење од Каен е Остерхајм. Тоа е градот во кој на ди деј се истовариле сојузнички војници. Морето е прекрасно, не е за капење како во Грција, меѓутоа е фантастично за релаксација и поминување викенд.

Наташа Јанкуловска Торевска

Exit mobile version