2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Младите сакаат да учествуваат на работилниците на филмските фестивали

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts.

На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци кои не беа поддржани, не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали.

На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 12 се од Босна и Херцеговина, 8 од Македонија и 4 од Србија. Поддржани сè уште седум
учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора.

„Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.
Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ