23.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024
spot_img

Васко Јолевски, здружение Храбро срце: Додека сме живи, треба сами да одлучиме за своите органи

Во Македонија законот е во прилог на органодарувањето, со самото тоа што секој од нас е потенцијален донор. Но има еден проблем, а тоа е дека семејството го дава последниот збор. Без согласност од семејството не може да се земе орган. Сметаме дека треба да се стави една клаузула во законот, да може човек додека е жив да одлучи за себе и за своите органи. Да донесе одлука дека сака да донира, и семејството да не може таа одлука да ја промени. Во моментите на агонија, тага и бол, најчесто семејството не сака да дозволи да се донира орган. Во нашето здружение пристапуваат луѓе кои прашуваат каде да се потпишат во случај ако се случи нешто сакаат да бидат донори. Таква правна регулатива во нашата држава нема, вели Васко Јолевски од Националното здружение на пациенти со механичка потпора на срцето „Храбро Срце“

Колку животи можат да се спасат од органите на еден починат дарител?

Васко Јолевски Од органите на еден починат дарител може да се спасат и до 5-6 животи, бидејќи покрај срцето се донираат бубрези, џигер, бели дробови, но може да се спасат и многу повеќе со коскените ткива и коскената срцевина која може да ја даруваат. Може да се спасат до 100 пациенти кои се болни од канцер.

Зошто Македонија не е дел од Еуротрансплант мрежата и кои се нејзините предности доколку би биле дел од оваа мрежа?

Васко Јолевски За Еуротрансплант мрежата треба прво да се исполнат неколку стандарди. Првично бројот на операции по глава на жител, потоа стандардите на лекување на пациентите, што значи степенот на пружање на нега треба да е висок. Мислам дека Македонија е чекор до влез во Еуротрансплант мрежата и се надевам дека до крајот на годината ќе се најдеме во таа мрежа ако не директно, барем преку земјите кои не потпомагаат.

Како да ја подигнеме свеста за органодарителството кај нас?

Васко Јолевски Свеста може да се подигне со силни национални кампањи коишто ќе се секојдневни по медиумите и да почне да се зборува и по училиштата согласно возраста на учениците.

Која земја од опкружувањето може да ја земеме како пример?

Васко Јолевски Од нашиот регион, Хрватска е лидер во трансплантациите и би требало да се водиме по нејзиниот пример за подигнување на свеста. Таму значаен скок направен е по повикот од Папата, што значи верски лидер повика на хуманост и да се дарува орган. Можеби тоа би било најдоброто. Да излезат верските лидери и да повикаат на органодарување. На наше задоволство МПЦ даде поддршка со видеопорака која беше емитувана по медиумите, но само еднократно се емитуваше. Мислам дека треба медиумите да ја извадат таа порака и што повеќе да се емитува, а и да се побара изјава од ИВЗ која е согласна за носење на Законот за трансплантација. Овој Закон е донесен со консензус помеѓу верските заедници.

Во Македонија законот е во прилог на органодарувањето, со самото тоа што секој од нас е потенцијален донор. Но има еден проблем, а тоа е дека семејството го дава последниот збор. Без согласност од семејството не може да се земе орган. Сметаме дека треба да се стави една клаузула во законот, да може човек додека е жив да одлучи за себе и за своите органи. Да донесе одлука дека сака да донира, и семејството да не може таа одлука да ја промени. Во моментите на агонија, тага и бол, најчесто семејството не сака да дозволи да се донира орган.

Во нашето здружение пристапуваат луѓе кои прашуваат каде да се потпишат во случај ако се случи нешто сакаат да бидат донори. Таква правна регулатива во нашата држава нема.

Со какви најчесто предизвици и проблеми се соочуваат членовите на здружението и која е главната цел на вашата работа?

Васко Јолевски Главната цел на нашето здружение е овозможување на права на пациентите со механичка потпора, бидејќи ние сме нови во државата, постоиме три години. Сè уште не се регулирани правните рамки за нас. Имаме огромни проблеми со Фондот за здравствено осигурување, со институциите. Не постоиме како шифра на болест. Сега нè воведоа како првична шифра, но не е онаа како што е светски прифатената. Малку по малку се решаваат работите, но многу тешко. Недоволно ни се посветува внимание од Министерствата, што не е случај со докторите. Тие даваат се’ да не одржат во живот до оној момент додека се најде трајно решение. Исто така имаме проблеми и со лековите. Голем дел се набавуваат приватно.

Документарен магазин Приказна

Што би можело да се преземе да се подобрат целокупните услови?

Васко Јолевски За да се подобрат условите, најпрво би требало да се подобрат просторните услови во државната кардиохирургија каде што ги имаме најдобрите доктори во регионот и коишто се носат рамо до рамо со светските хирурзи. Потребен е простор за пациентите кои се оперирани, а и за пациентите на кои им е вградена механичка потпора. Тие треба да се изолирани во посебна просторија. За жал, таа просторија во државната кардиохирургија ја нема. Исто така би требало да се обезбеди соработка со луѓе од странство, кога би требало да се направи покомплицирана операција, да можат тие да асистираат како полесно би се извршила истата. Во поглед на кадарот, мислам дека имаме одличен кадар.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,630FansLike
3,305FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ