Бојана со мини забава за пријателите и соработниците ја промовираше својата песна со наслов „Среќа и несреќа“ во продукција „Скендеровски“. Песната е снимена на македонски и на српски јазик, и е најава за освојување на регионалниот пазар.
Комплетен автор на композицијата е Саша Милошевиќ – Маре, автор на победничката евровизиска тема на Марија Шерифовиќ и член на жирито во шоуто „Никад није касно“. Препевот на македонски јазик го направи Огнен Неделковски.