Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Бугарија во Р. Северна Македонија, иницијатор на кампањата „Стоп за домашното насилство. Биди храбра!“
Приказна Како се роди идејата за национална кампањата „Биди Храбра“?
Ангелова Чест и задоволство ми е што сме денес заедно, на завршувањето од големата научна конференција, посветена на тоа како да им помогнеме на жртвите на семејно насилство. Пандемијата е причината за целата кампања.
Пред пандемијата, секоја четврта жена тука на Балканот и специјално во Бугарија беше жртва на семејно насилство. Во Македонија, секоја трета жена.
За време на пандемијата, за жал бројот се зголеми и како велам „кога сме повеќе мажи, а помалку жени, кој од нас е жртвата?“. Разбрав дека насилството е многу важен проблем, но тоа посебно го сфатив, кога решив да направам ваква кампања. Како едно големо тркало почна сè силно да се врти напред, па во моментов кога ја објавивме кампањата, седум градови од државата изразија интерес да се приклучат кон кампањата „Стоп за домашното насилство. Биди храбра!“.
Приказна Зошто овој слоган?
Ангелова Го избравме овој слоган „Биди храбра“ затоа што мислам дека тоа најмногу им недостасува на жените. Тука на конференцијата имавме и жртва на семејно насилство која се исправи храбро и кажа што и се случило во животот. Токму храброста и помогна тоа да го сподели со некого, да сподели дека е жртва на домашно насилство и да најде помош, но и да знае каде да ја најде таа помош. Токму затоа оваа конференција беше многу важна. Луѓето како жртви да разберат на кого да се јават, што да направат, кој ќе ги заштити и какви им се правата.
Разбрав дека тука во Република Северна Македонија имате многу добри закони и само можам да ве поздравам за тоа и да веруваме дека напред и заедно ќе може да направиме повеќе за жртвите и за децата жртви на семејно насилство. За жал и во овој момент додека ние разговараме, некаде се случува насилство и тоа не само на едно место, но ако ние зборуваме гласно за тоа, верувам дека ќе бидат и се во помал број луѓето насилници. Тука се и институциите кои јавно треба да информираат што ќе се случи со насилниците.
Треба да има добра заштита од институциите и за жените и за децата. Понекогаш не прашуваат што ќе кажеме за мажите жртви на семејно насилство? Навистина постојат, но процент е помал, за разлика од процентот на жените и децата.
Приказна Како ќе функционира кампањата?
Ангелова За нашата кампања имаме отворено телефонски броеви и жиро-сметка на кои може да се донира, а средствата ќе бидат донирани на Организацијата на жени на град Скопје, која 30 години работи на заштита на правата на жените жртви на семејно насилство, Кризен центар „Надеж“. Минатата недела прославивме 20 години од неговото основање и организацијата на самохрани родители „Една може“.
Честопати ме прашуваат зошто сум избрала организација на самохрани родители. Јас велам дека има некоја причина зошто еден родител е самохран. Ние треба да си помагаме, бидејќи заедно сме посилни.
Во рамки на кампањата, сопругата на бугарскиот амбасадор преку социјалните мрежи повика на поддршка на жените и децата, жртви на родово базирано насилство и преку донации на телефоните: А1 -143 133 и Телеком- 143 999. Заинтересираните можат да се вклучат и онлајн, преку порака напишана на дланките и споделена фотографија на социјалните мрежи.
За Приказна,
Ване Марковски