3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Ана Котевска освои златна медала на интернационалната Олимпијада по германски јазик

Ана Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје е овогодишна апсолутна победничка на Интернационалната олимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија.

Ана Котевска ја освои златната медала во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2, А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Менторка на Котевска е проф. Кристина Клиафа – Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини. Олимпијадата се реализираше во соработка со „Гете институт“.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ