11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024
spot_img

Јосиф Дамјанов: Животот со лице со Алцхајмер, е силен предизвик за целото семејство

Животот со лице со дијагноза на Алцхајмер, не е едноставен. Прво, сте живееле со човек кој го познавате поинаку, а сега живеете со човек кој не ве познава, којшто буквално знае да влезе во состојба на едно исто прашување, повторување во текот на денот и треба најсилни нерви, да човек може да го издржи тоа. Овие лица можеби немаат меморија, но препознаваат емоција. Вие ако реагирате бурно или нервозно, назад добивате посилна лоша емоција, што е опасно. Комплицирано е да се живее со лице со Алцхајмер. Многу малку се зборува за болеста. Свеста е мала. едукацијата е мала. Во одредени места во државата има и жигосување и не се споделува, ја сподели за Приказна, семејната битка Јосиф Дамјанов

Каква беше реакцијата по поставената дијагноза?

Јосиф Дамјанов Шокот не е толку голем кога дијагнозата е добиена, затоа што поголемиот шок е кога ги гледаш првите знаци и најавата. Генерално, бевме свесни дека најверојатно тоа е дијагнозата, која и ја добивме. Шокот е моментален и многу подобро е да е дијагностицирано, отколку да претпоставуваме. Шоковите се поголеми подоцна, кога ги гледаш посериозните промени, создадени од болеста.

Какво е вашето лично искуство? Кои се предизвиците пред кои бевте исправени?

Јосиф Дамјанов Во моментот, татко ми е во дом. Не беше одржливо повеќе мајка ми да се грижи, беше и опасно. Искуството не е воопшто едноставно.

Прво, сте живееле со човек кој го познавате поинаку, а сега живеете со човек кој не ве познава, којшто буквално знае да влезе во состојба на едно исто прашување, повторување во текот на денот и треба најсилни нерви, да човек може да го издржи тоа.

Овие лица можеби немаат меморија, но препознаваат емоција. Вие ако реагирате бурно или нервозно, назад добивате посилна лоша емоција, што е опасно. Комплицирано е да се живее со лице со Алцхајмер.

Алцхајмеровата болест е прогресивна болест на мозокот која се карактеризира со губење на меморијата, говорот и способност за размислување, проследено со промени во расположението и однесувањето. Таа е најчесто дијагностицираниот вид деменција. Со прогресијата на болеста, овие лица стануваат комплетно зависни од туѓа помош.

Колку кај нас системот дава поддршка на лицата и семејствата кои се справуваат со оваа дијагноза?

Јосиф Дамјанов Прво, многу малку се зборува за болеста. Свеста е мала. едукацијата е мала. Во одредени места во државата има и жигосување и не се споделува. Тоа е нешто што секако се јавува, склероза е. Пред сè тука има голем проблем.

Помош реално, многу не добивме. Единствено, имам голема благодарност до Габриела Новотни, ни ја даде дијагнозата, не повика на работилници да се запознаеме повеќе со болеста, но тоа повеќе беше самиот човек, а не институцијата во којашто работи. Друга помош нема и многу малку ја има.

Документарен магазин Приказна

Во земјава, третманот е главно со лекови, а болниот и семејството, најчесто се оставени сами на себе. Неопходно е да се работи со лицата со деменција, но едновремено и на едукација и помош на семејствата. Од обуки за негуватели за овие лица, семејни советувања, па се до установи за згрижување

Каква помош им треба на семејствата со член кој има ваква дијагноза?

Јосиф Дамјанов Помош треба за грижа. Реално во подоцнежни стадиуми од болеста, навистина е многу тешко за човекот кој се грижи за болен од Алцхајмер и деменција, бидејќи станува зависен. Дополнително сите тие промени кои се случуваат со темпераментот кај луѓето болни од Алцхајмер, ја отежнуваат работата со човекот.

Би требало институциите да препознаваат, да има телефонска грижа, едукација за како да се постапува, и соодветно и редовно да се реагира со терапијата. Многу е тешко човек редовно да се јавува на лекар за регулација на терапијата бидејќи премногу има обврски, прединамична е и стресна работата со болни од Алцхајмер. Задоцнувањето на терапиите ја усложнуваат атмосферата.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,703FansLike
3,369FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ