25.8 C
Skopje
Friday, September 29, 2023
spot_img

Јована Костадиновска: Мојата битка со стресот

Ако се најде лекот да се превенира стресот тогаш сме го нашле лекот за долговечноста, вели Јована Костадиновска, ТВ водител и новинар во интервју за Приказна.

Приказна: Како препознавате дека сте под стрес?

Јована: Тешко е да се превенира стресот. Јас сум од оние мајки кои додека ми беа децата помали, се трудев да стигнам на сите страни, да одговорам на работните обврски, и притоа да се обидам да одам напред во работата, да напредувам, но и да одговорам на обврските во семејството. Тоа најверојатно го акумулирал стресот со годините, кога се случи минатата година да заболам од корона вирусот. Вирусот го поминав многу лесно, но по неколку месеци почнав да ги чувствувам првите т.н постковид симптоми, а тоа беа спондилозни промени, кои дадоа неочекувани и застрашувачки симптоми. Вртоглавици, нагони за повраќање, губење на свест се симптомите кои беа присутни и кои наталожуваа сè повеќе страв.

По направени бројни прегледи, извештајот беше дека се е во ред, но акумулираниот стрес со години се манифестирал на најслабиот дел од телото, во овој случај вратот, кој направил неверојатни спондилозни промени и дополнително вкочанување на нерв поради кој целата лева страна ми беше одземена.

Приказна: Дали вашата работа ви предизвикува стрес?

Јована: За нас, новинарите, стресот е адреналин и не го доживуваме така стресот. Ние секојдневно сме под тензија, напон, стрес, ама за нас тоа е убаво. Тоа е тој стрес кој ние го бараме, за да можеме да работиме со полна енергија.

Приказна: Што ви помага да ги совладате стресните ситуации?

Јована: Кога се соземав сама од себе, имав неверојатна поддршка од партнерот, цел овој период. Кога сфаќате дека сте добри, и дека сите тие симптоми може да се лекуваат, преминувате во фаза кога ви се опушта телото, се збогувате со стресот, и влегувате во една фаза каде што се лекувате сами себе, и тоа трае сè уште.

Документарен магазин Приказна на тема стрес

Приказна: Што е клучно за совладување на стресот од ваше лично искуство?

Јована: Живееме во едно динамично секојдневие во кое често сте под стрес. Вие сте под стрес како учесник во сообраќајот и возите автомобил низ градот. Вие сте под стрес со самото тоа што станувате наутро и се прашувате каков ќе ви биде денот, дали ќе ги исполни очекувањата и она што ние сме го предвиделе. Но кога ќе научиме да го превенираме и ќе научиме да живееме со стресот и го сфатиме како нормално, да не го чувствуваме како притисок и како стрес, ќе бидеме на пат кон долговечноста но сами на себе. Како си правиме сами на себе така и ќе живееме.

За Приказна,

Ване Маркоски

Вики Ч.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

4,565FansLike
1,702FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ