8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Јаневски: Многу од давателите на услуги кај нас, не се свесни дека практикуваат еко-туризам

Ако говориме за кај нас, дестинации кои беа доста посетени овој период беа Берово или Маврово и покрај тоа што имаме скромни капацитети, којшто не секогаш содејствуваат со цената на сместувањето и услуга која е понудена на ниво на цела држава, каде треба многу да работиме. Скок на ноќевања е од 15 до 20 проценти, без да ги мериме дневните туристи, па затоа во 2020 година, ако гледаме колку туристичкиот сектор влијаел во македонската економија, велиме дека падот е 36 проценти. Јас тоа го чувствувам како успех, бидејќи ја намаливме кривата на падот, создадовме одредени мерки кои дадоа позитивен ефект и оваа година излеговме многу помудри“ – вели Љупчо Јаневски, директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Приказна: Колкави се потенцијалите на Македонија за рурален туризам?

Јаневски Ако кажам многу големи, нема да бидам скромен. Руралниот туризам ако треба да го опишеме со еден збор, ќе кажеме дека тој зависи само од емотивната дестинација во која се извршува патувањето или престојот на туристите. Ако е тоа рурална средина, тогаш го имаме руралниот туризам со сите свои убавини.

Приказна: Кога се појави пандемијата, генералниот впечаток е дека многу луѓе се свртеа кон селата и природата. Дали пандемијата го смени нашиот однос кон овој масовниот туризам, во насока на руралниот, како еден тренд којшто треба повеќе да се негува?

Јаневски Тоа се всушност два различни концепти на туристичка понуда и воопшто на развој на туризмот. Ако ние низ годините наназад сме се труделе квантитативно да донесеме што повеќе странски туристи, статистички гледано, ние трајно сме ги губеле домашните туристи. Тоа кажува дека ако одиме со квантитет, не секогаш може да одредиме квалитет на самата понуда, но и на туристите кои ќе ни дојдат. Ако имаме одредени пикови во време на сезона или дестинации кои се преоптоварени во одреден краток временски период со туристи, велиме да, тие развиваат и на некој начин се „подгрицнати“ од масовниот туризам. Тоа што ние треба да го развиваме на подолгорочен период е руралниот, еко, гастро и агри туризмот. Тоа се всушност елементите во туристичката понуда, кои доколку побрзо ги воведеме и развиваме, толку подобро ќе го застанат на стабилни нозе нашиот туризам, но од една поразлична гледна точка.

Приказна: Го споменавте еко-туризмот. Каков е интересот и потенцијалот за него, кај нас?

Јаневски Во последните години се повеќе и повеќе се создаваат атракции и понуда во зависност од барањето на туристите кога ќе дојдат на самата дестинација. Ако дестинацијата изобилува со природа и места на кои може да пешачите и да доживеете авантури и адреналин, тогаш велиме дека имаме алтернативни форми на туризам и туристичка понуда. Екотуризмот всушност претставува симбиоза со природата. Затоа треба да се грижиме за флората и фауната, бидејќи првиот мотив на туристите кои доаѓаат на дестинацијата е токму природата. Ако изминатите 10 години во светскиот туристички сектор се повеќе растел екотуризмот, ние во овој момент не можеме да кажеме дека имаме типична дефиниција за него, бидејќи може да го најдеме во одредена различна форма. По некои мои испитувања, 800 даватели на услуги во 2019 и 2020 година, не биле ни свесни дека практикуваат екотуризам, туку тоа им е „наметнато“ од туристите кои престојувале кај нив. Затоа можеме да кажеме дека во нашата земја почнуваме да практикуваме екотуризам и се повеќе и повеќе ја зајакнуваме понудата.

Приказна: Кои се местата во Македонија што имаат силен потенцијал за рурален туризам?

Јаневски Секаде каде имаме убава атракција, би кажал дека имаме услов за развивање на руралниот туризам, но годините си го направија своето и индустриската револуција создаде да имаме село-град. Сепак мислам дека тоа време е поминато и кога говориме за туристичкиот сектор, таа миграција ќе почне полека да се враќа во другата насока. Имаме примери на европски земји, каде бројот на ноќевање во руралните средини е поголем од оној во хотелите во големите градски центри и тоа е всушност убавината со кои може да се пофалат. Тоа што кај нив се случувало во 70-тите, кај нас се случувало во 90-тите години. Тоа што се случувало во 2010 кај нив, треба да се преточи во 2020 година кај нас. Бројот на ноќевања во руралните средини во повеќето европски земји, порасна уште повеќе минатата година. Ако говориме токму кај нас, дестинации кои беа доста посетени беа Берово, Маврово и покрај тоа што имаме скромни капацитети, којшто не секогаш содејствуваат со цената на сместувањето и услуга која е понудена на ниво на цела држава, каде треба многу да работиме, минатата година имаме скок на ноќевања од 15 до 20 проценти, без да ги мериме дневните туристи, па во 2020 година, ако гледаме колку туристичкиот сектор влијаел во македонската економија, велиме дека падот е 36 проценти. Јас тоа го чувствувам како успех, бидејќи ја намаливме кривата на падот, создадовме одредени мерки кои дадоа позитивен ефект и оваа година излеговме многу помудри. Очекувањата ми се дека ќе излеземе наскоро со една стратегија на долг рок за руралниот туризам

Приказна: Кои се слабите точки за развој на руралниот туризам?

Јаневски Јас би детектирал неколку елементи. Своето си го направи и пандемијата. Ние ќе треба да градиме човечки ресурси со кои ќе можеме да работиме на европски, меѓугранични проекти. Тие ќе ни овозможат многу повеќе прилив и атракции, па така влијание врз локалната економија ќе има туристичката понуда. Ако тоа го немаме во тој момент, ќе треба да го создадеме.

За Приказна,

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ