16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

ЃОКОВИЌ ПРЕД ДЕПОРТАЦИЈА ПО УКИНУВАЊЕТО НА ВИЗАТА ПО ВТОРПАТ

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук го искористи своето дискреционо право и му ја укина визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Тенисерот се соочува со депортација. Тој уште еднаш ќе може да го предизвика ова на суд, во обид да остане во земјата и игра на Отвореното првенство на Австралија, кое почнува в понеделник.

Австралија повторно ја укина визата на Новак Ѓоковиќ. Тенисерот се соочува со депортација.

„Денес ги искористив моите овластувања да ја укинам визата на Новак Ѓоковиќ, што е во здравствен и јавен интерес на земјата. Владата на Скот Морисон е силно посветена кон заштитата на границите на Австралија, особено во врска со пандемијата на ковид-19“, се вели во изјавата на министерот за имиграција Алекс Хок.

Австралиските власти одбија да го пуштат Ѓоковиќ уште кога тој пристигна на аеродромот во Мелбурн, на 5 јануари. Според граничните власти, документите со кои тенисерот докажувал медицински исклучок, врз основа на што треба да му биде дозволен влез во земјата, не биле доволни.

Организаторите на Отвореното првенство на Австралија му дозволија на Ѓоковиќ да учествува, иако не е вакциниран против ковид-19, што е главен услов за влез во земјата. Тенисерот доби дозвола за медицинско изземање од вакцинирањето врз основа на тоа што имал позитивен тест за коронавирус на 16 декември.

Австралиските власти во ноември ја известиле Тениската федерација дека скорешна зараза со коронавирусот не е нужна основа за изземање. Во меѓувреме се појавија информации дека Ѓоковиќ ги кршел правилата за изолација во својата земја и дека дал лажна изјава дека не патувал 14 дена пред доаѓањето во Мелбурн минатата среда, кога визата првпат му беше поништена.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ