15.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022
spot_img

„Хана“ му се придружува на „Кико“

Македонската верзија на аудиочитачот на македонски јазик Кико, доби и своја верзија на албански јазик наречена „Хана“.

Со помош на говорната синтеза, околу 10.000 слепи лица со мајчин албански јазик ќе добијат можност пишаниот текст да се слушат и разберат во аудио верзија. Дигиталната апликација – аудио читач ќе биде бесплатна и достапна за сите корисници на Андроид системи под името RHVoice, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди.

Дигиталната алатка, аудио читач симболично наречен „Кико“, кој претходеше на Хана, беше промовиран на 14 јули годинава. Станува збор за бесплатна апликација достапна на македонски јазик. Пристапот до апликацијата е едноставен. Доволно е да се пристапи на Google Play Store и да се симне апликацијата RHVoice. Откако ќе се инсталира оваа апликација потребно е да се одбере „македонски“ на списокот со јазици, веднаш до називот „Кико“.

Според Ертан Шашко кој работеше на апликацијата, оваа апликација е од суштинско значење за лицата на кои им е неопходна. Тој за Приказна откри дека гласот освен за работни потреби, може да се користи и за забава, како и за комуникација меѓу пријатели.

Користењето на аудиочитачите е мултинаменско. Освен за слепите лица, продуктот ќе може да го користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние лица кои информациите најдобро можат да ги разбираат во аудио формат.

Ертан Шашко е дел од тимот кој ја создаде апликацијата Кико
Емисијата Приказна посветена на лицата со попреченост

#ГласСветлина#СитеЗаслужуваме #LeavingNoOneBehind

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ