8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер не работат неколку часа

Двете глобални социјални мрежи, во сопственост на Фејсбук, се недостапни неколку часа за голем број на корисници низ целиот свет.

„Даундетектор“, кој следи вакви прекини, објави дека има речиси 80.000 пријави на Ватсап и повеќе од 50.000 на Фејсбук. Податоците од сајтот сугерираат дека прекинот се случува низ цел свет. Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликацијата WhatsApp, се недостапни за голем број на корисници во земјава и глобално. Проблемите со пристапот почнале околу 17 часот по македонско време, а сервисите на „Фејсбук“ целосно паднале 40 минути подоцна.

„Падот“ се случува во момент кога компанијата е на удар во јавноста за своите безбедносни политики.

Падот на овие три сервиси, сите во сопственост на Фејсбук, се случува брзо по објавувањето на интервјуто со поранешна вработена во Фејсбук, на американската ТВ емисија „60 минути“. Таа откри дека е „свиркачот“ кој изминатите месеци испратил доверливи информации до медиумите во кои открива дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата.

 Компанија се огласи на Твитер.

 Свесни сме дека нашите корисници имаат проблем до пристап до нашите мрежи. Работиме на што е можно побрзо решавање на проблемот и се извинуваме поради настанатата ситуација – се вели во објавата на Твитер.

Оваа порака  ја објавија и на апликацијата Инстаграм.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ