8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

„Три“ е првата професионална претстава на знаковен јазик

Во Младинскиот културен центар во Скопје се одржа првата професионална детска претстава на знаковен јазик. „Три“ е претстава во која актерите паралелно зборуваат говорно и користејќи знаковен јазик. Претставата е во режија на Јован Ристовски.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
„Три“ е првата професионална претстава на знаковен јазик

Детската претстава „ТРИ“ која е прва на знаковен јазик е посветена на еко-катастрофата која се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Акцентот во претставата е ставен на селекцијата на отпадот, пластичните отпадоци кои треба да се фрлаат во сина корпа, хартијата во жолта, а останатите отпадоци во зелена корпа.

Оваа претставата е работена по легендата од Марко Цепенков за овчарот и трите самовили. Претставата е поддржана од германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура, а е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ