15.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Трагедија со многу жртви

Јагленисани тела на над 40 лица кои патувале во македонски автобус, и седум преживеани, е епилогот на страшната трагедија која се случи рано утрото на бугарската магистрала „Струма“, во реонот на селото Боснек.

Грешка на возачот или ненадеен технички дефект на автобусот се можни причини за несреќата во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов. Серафов соопшти дека во запалениот автобус имало 53 патника, од кои 12 деца.  Според него телата биле изгорени до непрепознатливост. На местото на трагедијата веднаш отпатувал тим од лекари по судска медицина. Првичните информации се дека меѓу настраданите немало бугарски државјани и се претпоставува дека се македонски државјани.

Трагичниот инцидент се случил во вторник вечерта во 2 часот по полноќ во близина на селото Бошнек. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда. Според податоци што македонските власти ги добиле од надлежни институции во Бугарија, автобусот, припаѓал на автобускиот превозник „Беса транс“.

7-мината преживеани од несреќата се примени со изгореници на лицето и на горните респираторни патишта во Клиниката за изгореници, потврдила директорката Маја Аргирова. Тие биле донесени во болницата три часа по несреќата. Според неа пациентите се во тешка психолошка траума, бидејќи загубиле деца и блиски во несреќата, додавајќи дека тие морале да скокаат од прозорците на автобусот за да се спасат.

Седмата жртва имала скршеница на надколеницата и била сместена на одделот за трауматологија. Според медиумите, најмладиот хоспитализиран патник имал 15 години.

Според бугарската новинска агенција БГНЕС, автобусот со кој патувале македонските државјани бил регистриран на фирма со седиште во селото Рашче, Општина Сарај. Истрагата која е во тек треба да утврди дали причина за несреќата е грешка на возачот или пак се работи за техничка неисправност на автобусот.

Бугарската агенција БГНЕС известува за трагедијата

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ