20.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Теодора Филовска: Ме радува растот на жени кои се впуштаат во совладување на предизвиците на дигиталниот маркетинг

Нејзината бизнис приказна е успешна, интересна и инспиративна. Теодора Филовска го предводи тимот на Vrootok, дигитална маркетинг агенција која работи со клиенти од САД и Европа.  Во во февруари 2020та, одлучува да ја стартува и својата втора компанија – Galeksia, која е лидер на нашиот пазар и единствена компанија која овозможува едукација за дигитален маркетинг, со програми одобрени од Facebook, Google, IBM, Coca Cola и многу други светски имиња во областа на дигиталниот маркетинг.

Со Теодора Филовска ги акцентираме шансите од нејзината успешна приказна, како инспирација која може да поттикне и други девојки да го следат нејзиниот мотивирачки пример.

Приказна Дигиталниот маркетинг е поле во кое жените доминираат, каков е Вашиот впечаток според реалното искуство?

Филовска Сметам дека во нашата држава дефинитивно жените доминираат, иако немаме прецизно истражување за истото. На глобално ниво, мислам дека ситуацијата е многу поинаква, бидејќи има и голем број мажи кои се занимаваат со оваа област.

Во нашата компанија се 90% жени, а познавам и голем број компании каде ситуацијата е слична. Ме радува што гледам се’ поголем број жени како се впуштаат во авантурата на дигиталниот маркетинг, без разлика во која област. Ова поле нуди безброј работни позиции, шанси и предизвици и сигурна сум дека е поле во кое секој може да се пронајде.

 Автор на фотографија, Жарко Чулиќ

Приказна Што Ве мотивираше да започнете да се занимавате со дигитален маркетинг, а потоа и со неформална едукација за дигитален маркетинг? Како почна вашата лична приказна?

Филовска Од секогаш ме фасцинирал маркетингот како област, а подоцна и дигиталниот маркетинг со неговиот развој. Ова е индустрија во која нема застанување, секогаш има нешто ново да се научи, нови промени, предизвици и успеси.

Мојата лична приказна започна со еден огромен предизвик, а тоа беше да отворам своја компанија. Ми се пружи шанса за која требаше да бидам храбра и да ја искористам, а после неколку поголеми предизвици, денес ги имаме и Вруток и Галексиа кои одлично функционираат во симбиоза.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, седнати луѓе, внатре и текст кој вели „приказна“
Теодора Филовска

Приказна Vrootok работи со клиенти од целиот свет, a Galeksia е фокусирана на домашниот пазар. Зошто одлучивте да направите ваква распределба на активностите?

Филовска Работењето со Вруток и клиенти од светот ни овозможува да ја следиме светската „сцена“ за дигитален маркетинг, континуирано да се запознаваме со нови бизниси и да им помагаме да растат. Знаењето кое го стекнуваме преку работата со овие клиенти сакаме да го пренесеме во нашата држава и заедно со глобалната програма која се предава на Galeksia, да им помогнеме на сите наши студенти да се стекнат со знаење од светски рамки.

Приказна Од аспект на дигиталниот маркетинг, кој пазар се совладува и менаџира полесно, локалниот или глобалниот?

Филовска Тешко прашање. 🙂 Лично за мене, глобалниот пазар е полесен за менаџирање, но потежок за совладување, најмногу поради големата конкуренција. На пазарот секојдневно излегуваат нови агенции за дигитален маркетинг кои ги работат истите или слични активности. Секако, со квалитетна работа и посветеност полесно се стекнуваат нови клиенти.

Од аспект на менаџирање, би рекла дека странскиот пазар е полесен за менаџирање, но сепак и на глобално ниво зависи со каков клиент работите, од која индустрија и со колкава големина на компанијата.

Теодора Филовска

Приказна Дали жените покажуваат поголем интерес за посетување на вашите програми и стекнување на дигитални вештини?

Филовска Да, до сега имаме поголем број на жени отколку мажи кои се заинтересирале за нашите програми, дури би рекла скоро двојно повеќе во корист на жените. Точната причина не ја знам, но она што ме радува е што имаме еднаква процентуална стапка на положен испит за светски признаен сертификат и кај мажите и кај жените.

Приказна Кога станува збор за дигитална трансформација, колку компаниите кај нас се свесни за потребата од постојаната доедукација во ова поле?

Филовска Големите компании кои функционираат на нашата територија се доста ригидни, без разлика дали се домашни или странски. Најчесто имаат однапред утврдени буџети и јасно дефинирани кампањи, па нема многу простор за креативност, доедукација или вложување во понатамошен развој во делот за дигитален маркетинг. Од друга страна, малите и средни компании се повеќе заинтересирани, следствено на тоа што се свесни за потребата за доедукација. На нашите програми најчесто присуствуваат учесници од мали и средни компании.

Приказна Кој пројавува поголем интерес за стекнување на дигитални вештини, мажи или жени?

Филовска Дефинитивно жените, претпоставувам бидејќи се смета за покреативна професија, па можеби не сите мажи имаат желба или интерес да го истражат малку подетално ова поле.

Приказна Дали дигиталниот маркетинг и стекнатите вештини им овозможуваат на жените да ја изградат својата економска независност?

Филовска Да, една од најголемите предности на дигиталниот маркетинг е што можете да работите од секаде и за кој било пазар, а секако е и добро платена индустрија.

Во светот на дигиталниот маркетинг, секоја жена може да започне свој бизнис, да се вработи во компанија која ќе одговара на нејзините потреби и да се стекне со практично искуство кое ќе и донесе развој на кариерата, а со тоа и економска независност.

Приказна Каква е бизнис климата за дигитален маркетинг во земјава? Дали пандемијата придонесе за развојот на овој пазар?

Филовска Откако помина подолго време од почетокот на пандемијата, веќе можеме да ги видиме и „позитивните“ резултати. Голем број компании се дигитализираа бидејќи сфатија дека тоа е единствениот начин да се опстои на пазарот. Дополнително е-трговијата забележа огромен раст, така што сметам дека имаме поволна клима, иако сè уште ни треба учење и надградување.

Приказна Која е вашата порака до младите, кога да почнат да ги развиваат своите дигитални вештини и како да го изградат својот кариерен потенција на дигиталниот пазар?

Филовска Да почнат веднаш, да не се плашат да пробаат сами да го применат тоа што го научиле и да експериментираат. Градењето на кариерен потенцијал освен со учење, се гради само и само со пракса, работа, пробување и учење од грешките. Што порано пробате, толку побрзо ќе стигнете до посакуваната цел.

Документарен магазин Приказна за жените во СТЕМ

За Приказна,

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ