7.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024
spot_img

Тажно сведоштво на една фамилија: jас и брат ми одиме гладни на училиште!

Гоце Димовски 12 години e во брак со Дорина. Тешко живеат одамна, но некако го минувале месецот додека биле живи неговите родители. Дорина на родителите и не се сеќава, ги изгубила уште кога била многу мала. Гоце и Дорина немаат елементарни услови за живот, живеат постојано во темница, со скршен мебел, скршени прозорци и ѕидови кои единствено ја отсликуваат тагата и очајот на ова семејство.

– Се трудам, се мачам. Се молам на Господ да заврне дожд, за да одам по печурки, да ги продадам, за да извадам некој денар. Ова е стара куќа од дедо ми, од пред еден век. Се распаѓа од сите страни. Прозорците се искршени, мебелот е прастар. Немам основни услови за живот. На свеќи живеам во 21 век. Ама кога се нема, тоа е.

– Јас од мала сум сирак. Не ги знам родителите. Живеев многу тешко, па си реков можеби во брак е ми биде подобро. Ама сега потешко е. Уште на врат имам и две деца кои немам како да ги прехранам. Колку пати бараат храна, а немам што да им дадам. И гладни ги праќам на училиште-додава Дорина, сопругата на Гоце.

Ова семејство живее со минимални 10.000 денари. Колку и да ги планира и распоредува, тие стигнуваат едвај за неколку денови во неделата. Останатите денови од месецот се моли само да заврне дожд за да може да излезе во шума и да извади некој денар од собирање печурки или полжави.

– Ех, колку се молам да врне,за да излезам по полжави или печурки за да извадам некоја стотка, за да купам храна … Половина човек сум. Сè ме боли. Порано за час и половина, растоварав цел камион со дрва. Денес снагата веќе попушта. Не сум веќе таа сила. Тешкиот живот се одрази и врз здравјето. Не јадам со денови, за да има за децата. Подобро тие да стават нешто во уста, отколку јас. Деца се, треба да растат допрва-вели Гоце со солзи во очите.

Додека бил помлад работел сè. Тешката физичка работа во минатото, денес од него ќе направат половина човек. Иако сака да може, сепак не е способен како некогаш со денови да работи и да не се пожали на ништо. И газдите вели тој, не се фер, зашто го уценуваат и му даваат многу мала плата.

Секој родител го посакува најдоброто за своите деца. И сака да се гордее со нив. Иако, Кристина и Александар се прескромни и препаметни деца, сепак се чувствуваат поразлични од сите останати. Зашто ниту можат да живеат дома во нормални услови, ниту пак во училиште може да бидат како останатите другарчиња. Тоа ги натера нив и нивниот татко да посакаат единствено да имаат струја, храна, облека и убава плата за да може да го поминат месецот.

– И јас сакам како другите деца и моите, да имаат убава куќа, храна. Да не страдаат за ништо. Да имаат за сè. Но, понекогаш немам ни 10 денари да им дадам, за да си купат кифла на училиште. Сите деца јадат и им се смеат. Моите со плачење, доаѓаат дома. Дома уште пострашна слика. Празен фрижидер и тажни родители што немаат што да им подадат на најмилите. Ете така ни минува секој ден.

– Јас и брат ми често одиме гладни на училиште. Таму другарчињата имаат убави облеки, а ние носиме стари алишта. Децата ни се смеат. И на одмор, тие јадат, ние немаме храна. Кога има мама ни праќа сендвичи, но најчесто сме гладни. Другите дечиња имаат и убави куќи, свои детски соби. Ние спиеме на скршени кревети и од сите страни ни дува. Срам ни е да поканиме деца во нашиот дом. Сакаме и телефон, компјутер … Ако немаме струја, ќе ја штедиме батеријата-скромно и со жар во очите бараат малите Кристина и Александар.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите преку телефонскиот број 071/351166 или преку следната жиро-сметка 3000671176890022.

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,703FansLike
3,369FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ