16.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Среќни, насмеани и прекрасни празници и најубави приказни во 2022

Поделете љубов! Кој дава, секогаш добива, па дури и кога не очекува! Насмејте се и кога ви се плаче. Насмевките со солзи се убави, без разлика колку и да се тешки.

Поделете ручек со некој кој нема. Среќата секогаш е во малите дела, наместо во шопинг.

Играјте и пејте на песната која ја сакате, не за заморувајте што мислат другите, тие секогаш и онака ве гледаат со други очи од вашите.

Гушкајте ги вашите, семејството е најважно, тоа е најважниот мост на љубовта во животот. Кажете им на вашите колеги и пријатели дека се прекрасни, со нив минувате многу време, заслужуваат, па дури и да не се согласувате секогаш.

Простувајте, па дури и да не заборавите. Душата живее од прошка, а и сите грешиме, некои повеќе, некои помалку. И да, не заборавајте, секое лошо е за добро, иако кога се случува, не изгледа така.

ПС: Помалку политика. Од неа добро виделе само политичарите.

Ви посакувам сите убави нешта да ви се случат кога и да посакате во 2022! Љубов, насмевки, пак љубов … Парите не се најважни, но го вртат светот, па имајте ги колку ќе ви требаат. Бидете здрави и онакви како што сакате да бидете!

Приказна почна во 2021. Во 2022 ќе продолжи да ги пренесува и раскажува вашите приказни, со надеж дека сте ќе создадеме поубаво општество за сите. Посакуваме во 2022 сите приказни да бидат убави, успешни и инспиративни.

СРЕЌНИ, НАСМЕАНИ И ПРЕКРАСНИ ПРАЗНИЦИ И БЕРИЌЕТНА 2022

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,400FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ