9.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Според статистиките, секоја 5-та жена помлада од 30 години има седа коса.

Ако некогаш седата коса беше синоним за возрасните лица, денес, со сигурност може да заклучиме дека седата коса е сѐ помалку поврзана со годините. Седата коса за многумина е привлечна, па поради тоа не е потребно нејзино бојадисување. За пример ќе ги земеме уметничката Александра Грант, актерките Џејми Ли Кертис, Глен Клос, Хелен Мирен кои воопшто не ја бојадисуваат својата седа коса. За разлика од нив, кај многу славни личности се јавува желбата за оваа боја на коса, па со помош на разни третмани успеваат да ја постигнат посакуваната нијанса.

Зошто се појавува седата коса?

Седата коса е физиолошки процес на стареење. Тој започнува во помала количина по 35-40 година, а нешто повеќе по 50-та година. Кај некои луѓе седата коса може да се појави и пред 25-та година, поради генетските предиспозиции. Најчесто доколку некој од родителите во младоста имал седа коса, големи се шансите тоа да биде карактеристика и кај децата.

Недостатокот на витамин Б, но и стресот како дел од нашето секојдневие, можат да придонесат создавање седа коса. Една од најчестите заблуди е дека косата може да поседи преку ноќ, како резултат на голем стрес. Во реалноста, ова е невозможно, бидејќи седата коса е постепен процес на запирање на производството на меланин од меланоцитите и долгорочно акумулирање на воздушни меури во косата.

Кај мажите и жените на различни делови се појавува седата коса. Имено, кај мажите првенствено може да се забележат седи влакна кај слепоочниците и брадата, додека пак кај жените седата коса започнува на темето и во зоната на раст на влакната. Во денешно време сведоци сме на сѐ поголемо нагласување на природната убавина, како кај мажите така и кај жените, што е добар показател за покажување и прифаќање на посебноста, индивидуалноста, прифаќање на себеси и процесот на стареење.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,820FansLike
1,515FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ