22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Соња Ристовска: Наставниците да се потрудат да предизвикаат емпатија кај учениците

Многу млади напуштаат организации, само со цел да работат онлајн за некои странски компании во коишто повеќе им е вреднувам трудот, повеќе го почитуваат тоа што го работат и бегаат од она што го велиме слаб авторитет, лош шеф, лоши меѓучовечки односи. Децата можат многу да научат во овој свет на дигитализација, но тоа не значи дека само заради тоа се губи авторитетот на наставниците. Јас сметам дека има нешто друго. Наставниците треба сами да се потрудат да предизвикаат повеќе емпатија кон учениците, повеќе да дадат. Треба да дадеме на младите, за да ни вратат, смета Соња Ристовска, претседателка на ТЕРА, асоцијација за истражување и едукација.

Што според вас претставува авторитет?

Соња За жал, перцепцијата за авторитет во нашата средина е сосема погрешна. Обично се мисли дека авторитет е човек што е на позиција, но тоа не е така. Авторитетот се стекнува на сосема поинаков начин. Пред сè, човек треба да има силен интегритет, тоа значи тоа што го говори, тоа да го прави. Да има конзистентност во однесувањето и на неговиот интегритет се надоврзува и авторитетот.

Авторитетот во позитивна смисла значи дека човек може да поведе, да влијае на некој начин на некого, со позитивно влијание, човек кој може да допре до срцето на луѓето.

Зошто живееме во општество во кое негативно гледаме на зборот авторитет?

Соња Тоа се должи на искуството и опкружувањето, во политиката, во организациите. Сите ние очекуваме тој што има позиција и авторитет, да креира тимови на луѓе коишто навистина вредат.

Младите многу се разочаруваат затоа што тимовите на тие луѓе на позиција, секогаш не се со тие што се најдобри во организацијата или политиката. Ова е така од една причина, ќе формирам тим на помалку способни, за да бидам и најдобар и најубав. Човекот што е сигурен во себе секогаш треба да формира тимови од попаметни од него. Бидејќи тимот од помалку паметни, секако не нè води никаде. Тој човек на позиција којшто сака да оди работата, треба да го тргне егото на страна и да формира тим со попаметни луѓе од него.

За жал, вредностите се изгубија, се изгубија целите и младите живеат во некакво опкружување во кое ниту се свесни што е целта на тие што нè водат, ниту каде нè водат. Јас сум голем оптимист, и верувам дека некогаш ќе се поместат работите. Но, за тоа треба голема енергија.

Дали дигиталната револуција наметнува нови насоки кај авторитет, од аспект на родителите и наставниците, семејството во насока на воспитувањето на децата?

Соња Дигитализацијата претставува една современа ера и е потребна. Но, токму од овие причини кои ги спомнав, изгубивме доверба во системи, политики, водачи, па дури и зафатеноста не родителите. Заради тоа што наједноставен излез ни е што повеќе да ја употребуваме современата комуникациска технологија, социјалните мрежи како место на кое учиме, па дури и заработуваме.

Докуменатарен магазин Приказна

Многу млади напуштаат организации, само со цел да работат онлајн за некои странски компании во коишто повеќе им е вреднувам трудот, повеќе го почитуваат тоа што го работат и бегаат од она што го велиме слаб авторитет, лош шеф, лоши меѓучовечки односи. Децата можат многу да научат во овој свет на дигитализација, но тоа не значи дека само заради тоа се губи авторитетот на наставниците. Јас сметам дека има нешто друго. Наставниците треба сами да се потрудат да предизвикаат повеќе емпатија кон учениците, повеќе да дадат. Треба да дадеме на младите, за да ни вратат.

Како се стекнува авторитет?

Соња Со силна конзистентност на она што го правиме. Со јаки вредности кои ќе изградат столб на доверба. Без доверба не може да се изгради авторитет

Ване Маркоски


Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ