15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022
spot_img

Снежана Јовановска едвај се спаси од сопругот насилник, а сега мака мачи низ животот!

Снежана Јовановска на 15 години станува сопруга и мајка. Ќе била мајка на три деца, доколку не била крвнички претепана од сопругот во третиот месец од бременоста. Заедно со нив, таа била мачена, често била жртва на семејно насилство. Во една ситуација, преживува, благодарение на свекорот. Тогаш одлучува да стави крај на хорор. Судот носи одлука, за поделба на старателството, па, поголемиот син Кире го доделува на таткото, а, помалиот Владо останува кај Снежана. Животот на Снежана е тежок, под кирии, без храна, без услови за растење на мало дете. Но, барем немала закана по животот. Таа страда по големиот син, па често оди во неговото училиште и кришум го гледа. Со болка во душата, таа преживува 30 долги години. Нема ден, а, да не помисли на празнината за Кире, и болката што нема храна за помалиот Владо. Нема пари за Владо да заврши и средно образование. За жал, дополнително му се случува уште една трагедија која го загрозува неговото здравје.

Снежана потекнува од Кучково. Наивно, многу млада носи одлука за брак, поради која ќе страда целиот свој живот.

– На 15 години многу млада станав жена и мајка. Набрзо по свадбата, станав жртва на семејно насилство. Ќе имав и три деца, да не бев претепана, поради што го изгубив детето-вели Снеже за емисијата Срце на дланка.

Семејното насилство се продлабочува. Сопругот се обидува да ја убие во неколку наврати. Тоа ќе ја принуди таа да замине од него. За жал, судот ќе одлучи да добие старателство само за помалото дете. Вечно ќе жали и тагува по поголемиот син, кој повреден што е оставен од неа, па ниту денес кога е полнолетен, не да сака да ја види. Додека и се живи родителите и братот, и помагале, но, откако останува без нив, таа мора да се снаоѓа сама. Финансиски слаба, не може да му обезбеди нормално детство на Владо, а подоцна не може да му обезбеди ниту соодветно образование.

– Еден ден, децата на золва ми и моите гледаа телевизија. Маж ми почна да ме тепа поради тоа. Се скрив на терасата. Синот ако не го повикаше свекорот кој ме спаси, немаше да преживеам. Тогаш си реков е доста. И покрај тешката одлука, едното дете да остане кај него, јас морав да заминам подалеку. Така можев да се спасам и себеси и децата. Не ми дозволуваше да го гледам, па, јас кришум зад училишната ограда го гледав, да не знае. Мајка сум, ме боли за двете деца. Најтешко ми беше кога на Кире му беше роденден, а јас не смеев да го прославам со него. Тешко ми беше и кога му беше роденден на Владо, зашто немав услови за да му купам торта и да го израдувам-додава Снеже.

– Мал бев, мислам дека сè уште не одев во прво одделение. Се сеќавам на случката, кога татко ми сакаше да ја убие мајка ми. Да не истрчав да го викнам мојот дедо, татко ми ќе ја заколеше мајка ми. Се сеќавам на сè. Ме одгледаа баба ми и дедо ми, од страната на мајка ми. Мојот вујко, за жал млад почина, ми беше како татко-вели Владо, помалиот син на Снеже.

Утрината, на 5 февруари 2022 година, додека Владо бил да купи леб, го нападнале неколку комшиски кучиња.

– Тоа утро Владо свари кафе и замина да купи леб. Набрзо ми се јавија и ми рекоа дека имал несреќа. Не знам како стасав до местото на несреќата. Подоцна ми кажаа дека го нападнале кучиња. Сакајќи да се спаси, скокнал и го скршил зглобот. Му направија три операции, пред нас е уште една борба, а сè уште не сме ги платиле ниту претходните. Немам за храна. Му давам само леб и вода. Немам телевизор. Немам фрижидер, а најстрашно е што немам за да му купам терапија од која му зависи животот-низ солзи вели Снеже

Бидејќи до несреќата Снежана и Владо живееле во Волково во шупа, поради постоперативното закрепнување било неопходно да најдат посоодветно живеалиште. Денес, живеат по кирија во две соби за кои треба да платат 5000 денари, а, не знаат од каде ќе ги обезбедат. Ова семејство нема ниту за храна, ниту за живот, а, најтешко е што нема ниту за потребните лекови од кои на Владо му зависи животот.

Сите што сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на телефонскиот број 072/657 075 или пак на следната жиро-сметка 300007075351435

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ