23.8 C
Skopje
Monday, May 20, 2024
spot_img

СКОПЈЕ НА ГАСТРОНОМСКАТА МАПА НА ЕВРОПА

Македонска пицерија е повторно прогласена помеѓу најдобрите 50 во Европа.

Матто Наполетано, популарен ресторан лоциран во Македонскиот главен град Скопје е препознаен како една од најдобрите 50 пицерии во Европа за 2023 година.

Овојпат рангирана на феноменалното 25-то место во Европа, е најголемото изненадување на годинашново рангирање и е единствената Македонска пицерија што се најде на ранг-листата. Ресторанот веќе две последователни години обезбедува место помеѓу европската елита, откако претходно беше рангиран на 41 место во 2022 година.

Оваа пофалба доаѓа од 50 Top Pizza, најпрестижниот пица водичи во светот, (кој се смета за еден вид Мишелин водич меѓу пицериите) и кој на 3 мај го одржаа рангирањето на најдобрите за 2023 во Барселона.

Ригорозните инспектори за квалитет на водичот ги посетуваат пицериите и го донесуваат својот конечен суд со набљудување на пицеријата како збир на елементи кои формираат целина. Тие ја анализираат услугата, квалитетот на менито за пијалаци, односно изборот на вино, пиво или коктели, естетиката на ентериерот и надворешноста, како и чистотата и уредноста на целиот локал. Се разбира, тие се фокусираат особено на квалитетот на состојките што ги користат во пицеријата, како и на мајсторството во правењето на тестото и, во крајна линија, на вкусот.

Оваа година, инспекторите на ова реномирано здружение, го опишаа Скопскиот Матто Наполетано како исклучително елегантен и префинет ресторан пица бар. Истакнаа дека ова место се етаблираше за кратко време благодарение на вниманието на деталите. Го пофалија амбиентот, професионалната услугата и понудата која е на извонредно високо ниво како и богатото мени со пијалаци со вино, пиво и коктели.

Првото место на ранг-листата на најдобри пицерии во Европа го доби Сарторија Панатиери во Барселона. Бест во Копенхаген беше на второто место, а 50 Кало Лондон во Лондон го освои третото место.

Од пицериите во нашиот регион, подобар пласман од 2022 година има и белградската пицерија Мајстор и Маргарита, која го зазема 33-то место. Пицеријата „Пјетра“ од Белград го зазеде 39. место, „Попс пица“ од Љубљана на 40. место, а Франкос Пица Бар од Загреб е на 43. место.

Атинската пицерија Одори е на 28. место и е прогласена за најдобра во Грција, на 37. место е Анималето Пица Бар од Букурешт, Романија а Бели Ди Мама од Будимпешта е на 26. место. Доколку патувате во регионот сметајте ги наведените места за навистина вредни препораки за пица.

Помеѓу наведените пласмани од регионот Македонскиот Матто Наполетано е најдобра рангирана пицерија и несомнено го носи со право епитетот Ѕвезда на Регионот.

Одлична вест за Скопје и Македонија. Вест за која се надеваме дека подеднакво ги подигнува локалните кулинарски стандарди, инспирира успешни приказни и во истовреме го промовира нашиот град на гастрономската мапа на Европа.

Ранг-листата на 50 најдобри пицерии во Европа и деталите за нив можете да ја погледнете тука.

В.Р.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,394FansLike
2,985FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ