22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Се разболува по смртта на татка си: можеме ли да нацртаме насмевка на ликот на малата Лена?

Весна Трпеска по потекло е од Кичево. Таа расте без мајка од 9 годишна возраст. Во сиромаштија го поминува целото свое детство. Од мала работи сточарство, за да помогне на нејзиниот татко и семејството. Весна и покрај сè, има визија дека сонце некогаш дека ќе огрее и во нејзиниот живот.

Дента кога го запознава Велко, таа верува дека нејзиниот живот ќе се смени. Тогаш тој работел како меѓуградски такси-возач и во моментот кога се вкрстуваат нивните патишта, започнува нивната љубов. Неколку години подоцна им се раѓа детенце кое го добива името по баба си, Лена.

Иако, Велко се трудел и работел, не стигнувало ниту тогаш за сите потреби на ова семејство. Имале тешки денови и стресови, но, некако се живеело. Сè до тој кобен 16. октомври 2020 година. Кога Велко излегувајќи од бањата, умира од срцев удар пред очите на своето дете.

Стресот кој тогаш малата Лена го доживува, ќе остави траума следниот период. Таа од шок добива дијабетес и едвај останува жива, а денес три пати неделно мора да прима инсулин. Покрај тоа, таа од траумата престанува да зборува, и сега иако се труди, некои букви не може да ги изговори. Тоа прави да се чувствува поразлично од своите врсници, но и да се повлече во свој свет.

Весна има 45 години. И, едно беспомошно дете кое мора да го расте со 4000 денари месечно. Во куќата со нив, живее и свекрвата на Весна, но, и таа е болна, без еден бубрег и изнемоштена. Таа вели дека од ниту една болест не чувствува толку болка како болката од загубата на синот. И, не дај боже вели, да почувствува некој што значи мајка да закопа чедо.

И двете жени во куќата велат дека во домот, сè почнало да се распаѓа, по смртта на Велко. Минималната помош не стига ниту за лекови за трите, а, камо ли за реновирање или за храна.

Немаат телевизор, од сите страни им дува од скршените прозорци, бањата тече. Малата Лена нема ниту соодветен кревет за спиење. Спие на остатоци од стар кревет кој секој миг може да се распадне. Во зима се премрзнати. Немаат пари за греење, па мораат да се наоблекуваат за да не измрзнат.

Веќе е есен. Дождовите се секојдневие. Лена кога врне, од училиште се враќа мокра и смрзната. Зашто мајка и нема пари да и купи чизмички и потопла јакна која ќе ја грее во ладните денови.

Ова семејство е осамено. Нема помош од никој. Нема кој да им замени сијалица или да поправи некаков дефект во куќата. Овој дом се распаѓа. Но, да не дозволиме да се распадне и семејството. Зашто често тоа нема пари ниту да ги купи соодветните лекови и храна.

Сите можеме да помогнеме и да нацртаме насмевка на нивните лица, а најголема на лицето на малата Лена.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го сторите на оваа сметка:

290500010519773 или на телефонскиот број 078 562116

Автор

Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ