Дома (Не)Вест Семејството и дезинформациите: Приватниот живот не е предмет на јавен интерес

    Семејството и дезинформациите: Приватниот живот не е предмет на јавен интерес

    Пандемијата не не поштеди од сензационализмот и непочитувањето на човековите прави и слободи во медиумите. За жал, додека луѓето се соочуваат со трагедии, често нивните семејствата се извор на сензација со која се привлекуваат кликови, со денови. Па, имате серија написи или прилози, како семејството или пријателите се чувствуваат во врска со трагедијата, се објавуваат последни заеднички фотографии или други содржини од социјалните мрежи.

    Ова не е единсвениот случај кога се повредени правата на членовите на семејствата.

    Наративите од типот „Таа има 40 години и се’уште нема деца“, „Чува миленик, наместо да чува деца“, „Заедно се 10 година, а уште не размислуваат за деца“, Таа/тој ја зголемија/ намалија телесната тежина“ иако се погрешни, се присутни.

    Често се случува, медиумите да преземат фотографии или други содржини од профилите на јавните личности. Тука се случуваат низа грешки. Во потрагата по публика, медумите забораваат на почитувањето на човечките права и слободи кои се загарантирани. Во тие ситуации, ги гледаме семејствата или членови на семејствата, нивни пријатели или познаници. Тие иако се кругот пријатели или семејство на извесна јавна личност, сепак не се согласиле и не сакаат нивниот живот да биде презентиран јавно.

    Објавувањето на податоци за приватниот живот, се дел од личниот интегритет на една личност или семејство и не би требало да бидат предмет на јавен интерес. Ова во суштина, претставува и прекршок со кој се кршат одредбите на Законот за заштита на лични податоци. Приватноста е наше уставно загарантирано право и мора да биде почитувано.

    Непочитувањето на личните права и слободи води кон стигматизации, стереотипи, дискриминација, но и намалена самодоверба, социјален притисок или лично незадоволство.

    Медиумите мора да бидат одговорни во креирањето на своите прилози. Човековите права се почит за достоинството на луѓето како алка во општествениот систем. Тие се универзални и не смеат никому да му бидат одземени

    Препораки за вас:

    Личните профили и содржините во нив, не треба да се реобјавуваат без согласност на авторот. Без разлика дали се објавени јавно. Тие се лични податоци.

    Авторот има право да побара повлекување на содржина, преземена без негова согласност.

    Туѓиот изглед е лично право и слобода. Дали некој е слаб или дебел, расположен, сам или не, тоа е негов личен избор, кој не треба да биде предмет на јавна полемика.

    Научете ги вашите права и слободи, почитувајте ги и своите и туѓите.

    Exit mobile version