26.8 C
Skopje
Saturday, April 13, 2024
spot_img

СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО: Мајчиното млеко е најдобриот избор за исхрана на бебето

Доењето е важен дел од здравиот развој на детето. Мајчиното млеко е најдобриот избор за исхрана на бебето. Доењето е еден од најефикасните начини за обезбедување на здравјето и опстанокот на детето. Сепак, спротивно на препораките на СЗО, на ексклузивно доење се помалку од половината од доенчињата под 6 месеци. Првиот т.н. „златен час“ е исклучително важен за производството на мајчиното млеко. Доење го празни мајчиното млеко, но тоа едновремено е и процес за поттикнување на нова резерва, односно позитивно влијае на производството на ново мајчино млеко.

Светската недела на доењето се одбележува од 1 до 7 август, во насока на подигање на свесноста за важноста на доењето. Годинава оваа недела се одбележува под насловот „Да го овозможиме доењето, да им помогнеме на вработените родители“. Со цел да укаже на важноста на овој чин, СЗО ги нагласува придобивките од доењето:

  • рано започнување на доењето уште во првиот час од раѓањето;
  • ексклузивно доење во првите шест месеци од животот; и
  • воведување на нутритивно соодветна и безбедна дополнителна (цврста) храна на 6 месеци заедно со продолжено доење сè до двегодишна возраст, па и понатаму.

Мајчиното млеко е идеална храна за доенчињата. Безбедно е, чисто и содржи антитела кои помагаат во заштита од многу чести детски болести. Мајчиното млеко ја обезбедува целата енергија и хранливите материи што му се потребни на доенчето во првите месеци од животот, а продолжува да обезбедува од нутритивните потреби на детето и во текот на втората половина од првата година и до една третина во текот на втората година од животот.

Поддржувајќи го доењето, ги поддржуваме мајките, бебињата и бизнисите.

Децата кои се доени имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција, имаат помала веројатност да бидат со прекумерна тежина или дебели и помалку склони кон дијабетес, подоцна во животот. Жените доилки, имаат намален ризик од рак на дојка и јајници, нагласуваат од СЗО.

Според СЗО, во последните 10 години, многу земји постигнаа значителен напредок во зголемувањето на стапките на ексклузивно доење. Сепак, уште поголем напредок е можен кога доењето ќе биде заштитено и поддржано, особено на работното место.

Да се направи доењето на работа да функционира, порачуваат од СЗО.

Поддршката за доењето на работното место е добра за мајките, бебињата и бизнисите, па поради тоа УНИЦЕФ и СЗО ги повикуваат владите, донаторите, граѓанското општество и приватниот сектор да ги засилат напорите, со цел:

  • да се обезбеди поддржувачка средина за доење за сите мајки кои работат – вклучително и оние во приватниот сектор или со привремени договори. Тоа ќе се овозможи преку обезбедување редовни паузи за доење и капацитети што ќе им овозможат на мајките да продолжат да ги дојат своите деца откако ќе се вратат на работа;
  • обезбедување доволно платено отсуство на сите вработени родители и старатели, со цел да ги задоволат потребите на нивните мали деца. Ова вклучува платено породилно отсуство од минимум 18 недели, со можност за период од шест месеци или повеќе по раѓањето;
  • и зголемување на вложувањата во политиките и програмите за поддршка на доењето во сите делови, вклучително и национална политика и програма што ја регулира и промовира поддршката на јавниот и приватниот сектор за доилките на работното место.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,231FansLike
2,800FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ