19.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Светот воведува построги мерки, во Македонија се следи состојбата

Франција, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат построги мерки и нови затворања за да го спречат ширењето на коронавирусот.Карантинот во Белгија е продолжен, а строгите мерки се сила во Германија и Ирска. Шведска пред неколку дена воведе построги мерки. 
Делумното затворање е на сила од овој викенд во делови на Франција кои се особено тешко погодени од пандемијата на коронавирус, имено областа Ница и крајбрежјето на југ и север околу Данкирк. Чешка се приближува до бројката од 20.000 смртни случаи. Владата во петокот донесе одлука за воведување на нова вонредна состојба, која ќе стапи на сила во недела и ќе трае 30 дена. Во Шпанија на сила е полициски час, кој ќе трае најдоцна до мај. Португалија воведе ново затворање на 15 јануари. Нов бран на коронавирус го зафати и Балканот, бројките скеојдневно растат во Македонија. Засега нема најави за нови мерки, но властите подвлекоа дека будно ќе ја следат состојбата.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ