14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Сајбер силеџиство: Децата жртви не сакаат да одат во училиште

Интернетот и медиумската онлајн средина во Македонија, според официјалните податоци, се развиваат брзо и со силно темпо.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, 79.9% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства,  изнесува 87.8 %.

Податок од државниот завод за статистика

Во првото тримесечје од 2020 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 81.4%, а 70.9% го користеле секој ден или речиси секој ден.

40.1 % од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а повеќето од нив (36.4%) купиле облека или спортска опрема.

Комуницирањето онлајн носи голем број придобивки.  Но, покрај добрите страни, носи и ризици од кои мора да се заштитиме. Секој може да стане жртва на сајбер-силеџиство.

Сајбер-силеџиство е силеџиство со користење на дигиталните технологии. Може да се одвива на било кој од социјалните медиуми или дигитални платформи за размена на пораки („месиџинг“), платформите за играње („гејминг“) и на мобилните телефони.

Кога силеџиството се случува онлајн, лицето кое е нападнато се чувствува како да го напаѓаат отсекаде, па дури и во дома. Се чувствува како да е заглавен во стапица од која не може да излезе.

од снимањето на Е4 – Патриција Ди Џовани, преставник на УНИЦЕФ во РСМ

Глобалните статистики велат дека едно од три деца е жртва на семејно насилство. Додека едно од пет деца во светот, не сака да оди во училиште, бидејќи е жртва на сајбер насилство, вели за „Приказна“, Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во РСМ и додава:

Во Северна Македонија има направено мало истражување, опфатени беа околу 717 ученици, на возраст од 11 до 16 години во основното и средното образование и 15% од нив биле жртви на сајбер насилство. Тоа се единствените коишто пријавиле ваков случај. Сите податоци на локално и национално ниво велат дека луѓето се срамат и не се чувствуваат пријатно за да го пријават тоа.

ПРИКАЗНА Е4 – ЦЕЛА ЕМИСИЈА – ТЕМА: САЈБЕР НАСИЛСТВО

Сајбер силеџиството кај личноста која е нападната, може да предизвика ментални, емоционални, па дури и физички ефекти.

Насилството (булинг) е намерно повредување на една личност или група од друго лице или група, каде што има нерамнотежа на моќ. Тоа може да се случи лице в лице или преку сајбер просторот. 

Се проценува дека едно од пет деца, на возраст од 11-18 години, на некој начин биле малтретирани преку „електронскиот простор“. Ова е поврзано со периодот на адолесценција.

Позитивната употреба на технологијата, која создава безбедни и ефективни практики, е клучна во превенција од злоупотреба на технологијата. Училиштата треба да се осигурат дека наставните стратегии и цели ги поддржуваат иновативната и привлечна употреба на технологијата

За Приказна,

Вики Чадиковска

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ