9.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Сандра Груевска: Формалното и неформалното образование креираат мост во дигиталното време во кое живееме

Секојдневно учење. Секојдневно прифаќање на оние предизвици и се она што го носи 21 век. Треба да сме отворени да го прифатиме сето она што го нуди дигитализацијата, вели во интревју за Приказна Сандра Груевска од Американ Колеџ.

Приказна Иднината на работните места е важна особено кога ја имаме во вид дигиталната трансформација. Колку нашата земја ги следи овие трендови?

Груевска Навистина ги следиме трендовите посебно за дигитализацијата. Денес, знаеме дека не можеме да најдеме соодветно работно место без дигитално писмен работник, така да мислам дека се трудиме и сме на добар пат. Чекор по чекор сакаме да ги стигнеме светските сили со цел да имаме една дигитално писмена нација.

Приказна Колку социјалните медиуми креираат нови навики и дали поттикнаа нови работни позиции?

Груевска Социјалните медиуми навистина ни го променија начинот на живеење, и со оглед на тоа ја променија побарувачката на трудот на пазарот, многу се променија работите. Се трудиме да се адаптираме кон сите нови работни позиции, се отворија нови работни места, можеби се затворија некои стари традиционални работни места, но се отворија навистина нови работи места. Сведоци сме на нови платформи и нови работи места.

Приказна Што младите најмногу сакаат да учат?

Груевска На Американ Колеџ досега континуирано имаме најголема побарувачка за економските односно за бизнис науките и архитектура. Но, последниве неколку години сведоци сме на еден навистина зголемен тренд на побарувачка за информатичките науки, а и неминовно со оглед на пандемијата, и на психологија. Навистина сме изненадени колку многу студенти се одлучија да се запишат и својата иднина да ја гледаат во психологијата.

Приказна Зошто е потребна дигитализација во образованието?

Груевска Дигитализацијата ни е потребна пред сè за еден современ и поедноставен начин на комуницирање. Отвора нови можности. Отворени сме кон она што е создавање на слобода на креирање на компјутерски алатки. Компјутеризацијата и дигитализацијата значат интернационализација, ослободување и креирање на еден простор во којшто сите ги делиме своите добри практики.

Приказна Кои се придобивките од дигитализацијата во образованието?

Груевска Придобивките од дигитализацијата во образованието се огромни. Видовме и сами пандемијата навистина ни создаде еден простор, каде ја сфативме неминовноста од едно дигитално описменување, една дигитална нација. Придобивките посочуваат дека се отвори еден простор, каде можеме сите заеднички да комуницираме, да учиме едни од други, и да си го поедноставиме начинот на образование.

Приказна Дигиталното време наметнува процес на постојано учење. Како тука се надополнуваат формалното и неформалното образование?

Груевска Мислам дека сите дојдовме до едно сознание дека си требаме едни на други, и дека формалното и неформалното образование креираат еден мост. Ние се обидуваме секојдневно да бидеме тој мост меѓу формалното и неформалното образование, и сите оние придобивки и олеснувања на еден убав, атрактивен пристап на неформалното образование да ги вметнеме во формалното образование.

Приказна Како да станеме дигитално писмени и одговорни во поглед на користење на дигиталните алатки?

Груевска Секојдневно учење. Секојдневно прифаќање на оние предизвици и се она што го носи 21 век. Треба да сме отворени да го прифатиме сето она што го нуди дигитализацијата. Наш недостаток ќе биде, ако не ги примиме сите можности кои ги нуди дигитализацијата.

Документарен магазин Приказна на тема дигитализација во образованието

Приказна Како да ги научиме децата дека дигиталните алатки можат да се користат за вештини и знаења наместо да бидат само алатки за игри?

Груевска Да им бидеме постојана поддршка и водилка на децата и да им кажеме дека од нив се очекува како генерација на новата технологија, мора да бидат одговорни и уредно да ја користат дигитализацијата и сепак треба да не слушаат, да сето она што се случува во дигиталниот свет да биде нивна водилка, пат кон сето она што ги очекува, кон подобра работна позиција во новово технолошко време.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,820FansLike
1,515FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ