16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Руралната жена останува на маргините: неопходни се итни мерки

Потребна е поголема достапност на образовни, јавни и социјални услуги во руралните средини, како и креирање и промовирање мерки за зголемување на можностите за вработување на жените од руралните средини, креирање мерки за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството, и наоѓање решенија за жените од руралните средини кои немаат остварено право на пензија. Ова е пораката на Националната федерација на фармери (НФФ) и Мрежата за рурален развој (МРЗ) по повод Меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври.

Според НФФ и МРЗ, жените од руралните средини се соочуваат со голем број предизвици: социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита и други јавни и социјални услуги.

Во рамки на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ и по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина, денес ќе се одржи отворена онлајн-дебата и презентација на резултатите од извештајот изготвен од обемно и сеопфатно истражување реализирано во периодот декември 2020 – јуни 2021 година, во организација на Рурална коалиција.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ финансиран од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ), а овозможен со финансиска помош од Австриската агенција за развој (АDA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.

Целта е преглед, но и давање препораки и конкретни мерки како да се унапреди родово одговорното буџетирање и вклучувањето на родовата компонента во секторот земјоделство и рурален развој

Петнаесетти октомври е прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина во 2008 година од страна на Обеднитетите нации.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ