8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Родител создаде уникатен музички проект, инспирација му беше неговото синче со попреченост

Сашо Стојановски e дипломиран џез тапанар кој осмисли уникатен и хуман проект, интердисциплинарен, опфаќајќи повеќе области од културата, музичката уметност, иновативност, инклузија, работилница за деца со посебни потреби и попреченост како и наменска хуманитарна акција.

SS Project – Ден посебен

Проектот е инспириран од неговиот  син Филип, кој има 12 години, дете со попреченост, со  ретко генетско заболување X-Fragile и силно развиени чувства и љубов кон околината и семејството.

Како засегнат родител постојано сум во  потрага по нови сознанија во медицината преку стручни лица, социјалните мрежи и размена на искуства со родители кои имаат дечиња со посебни потреби. Констатирав дека кај поголем дел од овие дечиња, вклучувајќи го и мојот син имаат моторички проблем како со фината така и со крупната моторика, вака ја почнува својата приказна овој храбар и посветен родител.

За сите изминати години Сашо и семејството  се трудеа  да го интегрираат својот син во нашиот систем и да биде дел од образовниот процес во државава која за жал е не им придава доволна важност на ваквите деца. Нивната судбина  ја споделуваат многу семејства во Македонија.

Целиот овој проект освен што има конструктивна уметничка цел има и идеолошка цел, барем малку да се подигне свеста во нашето општество и да им се посвети повеќе внимание на сите деца со посебни потреби и нивните семејства.

Воден од својата желба за да му помогне на своето, а и на многу семејства, добива инспирација да создаде проект кој ќе даде придонес и подигне јавната свест за овие лица. Сашо со помош на Филип неговиот син (во доменот на своите можности со додавање на алат со придржување и слично) создадоа сет на тапани (рачна изработка) кој е прв ваков инструмент во нашата држава и регионот кој е направен со помош на дете со попреченост.

Тапаните важат за еден од нај комплицираните инструменти за свирење, бидејќи вклучуваат активност со сите екстремитети во исто време. Меѓутоа секој екстремитет свири во различен тајминг и во различно темпо каде моториката е пресудниот момент и е многу важен сегмент во свирењето на тапани. Потајно желбата на секој родител е детето го наследи талентот кој го поседува и да ја продолжи неговата професија, особено кога станува збор за музичката уметност, од причина што целото знаење може да се пренесе на своето дете. Во мојот случај тоа не може да се оствари бидејќи моето дете има моторички проблем покрај другите. На моја претходна технолошка подготовка и поддржан од семејството доаѓам до идеја да започнам интерактивен проект со моето дете. Идејата беше да изработам сет на тапани кои ќе бидат официјално и прв ваков тип на инструмент во нашата држава, каде директно е вклучено лице со посебни потреби. Планот беше да биде изработен во домашни услови со основен алат кој го поседувам и секое слободно време да го поминам интерактивно со моето дете, покажувајќи му го процесот на градење на инструментот. Тоа за него беше повеќе од игра и беше квалитетно поминато време во истражување на нови предизвици. Секојдневно добиваше задолженија во рамки на неговите можности, каде директно беше вклучен во самиот процес. Едукативно се надгради и се запозна со алати коишто се неизбежни во одредени занаети. Со овие задолженија видно се подобри неговата моторика. Идејата за брендот и логото на сетот ми беше повеќе од јасна дека тоа ќе биде некој интернационален знак за деца со некаква попреченост. Изборот беа два пазли во кои се вметнати моите иницијали S.S. каде графичкиот дизајнер Немања Трајковиќ успешно го направи, нормално со моја асистенција, вели за „Приказна“, Сашо Стојановски.

Проектот ќе се промовира на 25 септември 2021 година во Младинскиот културен центар. Ќе започне со работилница (на која ќе учествуваат деца со посебни потреби, нивните браќа и сестрички, претставници на различни здруженија со слична и иста проблематика, настап на познати имиња од македонската естрада, разговор и дебата на стручни лица (дефектолог, логопед, психолог) како и кратка театарска претстава. Отворена е хуманитарна сметка за донации како и телефонска линија.

Трансакциска сметка: 240100115398014 Уни Банка АД Скопје

Собраните средства ќе се донираат во ОУ Невена Георгиева Дуња каде што учи и синот на Сашо и ова училиште на ниво на општина Кисела вода има најголем број на деца со посебни потреби.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ