8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Пулексенија Јованоска: се соочив со дискриминација како жена во спортот!

Најдобрата македонска каташка во историјата, Пулексенија Јованоска, е единствениот македонски спортист во историјата кој настапи во категорија карате на Летните олимписки игри во Токио.

Олимписките игри е најголемиот спортски настан за секој спортист. За мене беше сон кој го реализирав, сон за кој после него не знам што друго би поставила како следен предизвик, вели во интервју за „Приказна“ Пулексенија Јованоска.

Приказна ЕП – 35 – Тема: Жени во спортот

Пулексенија со карате почнува на 6 години, а веќе во 2019 година е избрана за најдобра спортистка на Македонија. Вели дека патот е трнлив, но сепак на крајот се исплати секој труд.

Не беше лесно. Патот е трнлив, но како и во секоја работа, така и во спортот треба да си посветен, да даваш максимум, да поставиш цел и јасно да знаеш што е тоа што го правиш. Тренинзите беа напорни, но вредеше и пак би го повторила истото, вели Пулексенија.

Фото: приватна архива

Таа е и голем поборник е за што поактивно и поголемо вклучување на жените во спотот.

Често пати во текот на кариерата сум се соочила со дискриминација, на пример до нееднаков пристап на ресурси, нееднаква финансиска поддршка, нееднаква медиумска покриеност, но сето тоа ме направи да се борам, да направам подобро утро за мене и за сите спортистки, да бидам гласна, да барам и да се соочувам со предизвиците коишто ги носиме ние како жени во спортот, додава Јованоска и додава дека за жал, родовата нееднаквост, најчесто е изразена во спортот:

Целта која ја имам поставено на патот по кој одам е дискриминацијата што сум ја осетила на своја кожа да ја нема и жената да биде вклучена повеќе во спортот. Кога сум немала каде да се обратам, кога се немало слух што е тоа за кое јас се борам и што е тоа што ми треба, сите овие работи повеќе да ги нема. Сега имам јасна цел, да изградиме една слика жената знае да биде способна и моќна да постави јасни цели, да ги оствари, реализира, но и да помогне на останатите девојки.

Дали работите се подобруваат?

Промени има. Има добро расположение и клима за тоа. Родовата еднаквост како тема, во нашето општество е сè уште табу, а знаеме дека сè што е табу, тешко се менува. Се радувам затоа што гледам светла точка. Член сум на Комисијата за родова еднаквост при Олимпискиот комитет, што ми дава простор да зборувам јасно и гласно за се она со кое се соочувам како активен спортист, вели Јованоска.

Спортот значи здрав живот и вложување во градењето на подобри личности, значи успесите се подеднакви на сите, како на мажите, така и на жените, па затоа во иднина треба се повеќе да зборуваме за нив, а се помалку за родовата нееднаквост.

За Приказна

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ