11.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Психолог Фики Гаспар: Поддршката е клучна за надминување на проблемите предизвикани од злоупотребата на алкохол

Најсклони кон алкохолизам луѓето од понизок социо-економски статус. Сите кои се затекнати од одреден проблем, имаат шанси да патат од оваа зависност. Имајте предвид дека постојат и исклучоци. Некогаш може да видиме некој кој има сè и работа, и фамилија, но сепак да посегне по алкохолот. Има многу фактори коишто влијаат, многу е битно овде да се види и психолошката заднина, вели во интервју за Приказна, Фики Гаспар – психолог

Што е алкохолизам?

Фики Гаспар-Алкохолизам е состојба на зависност со многу лоши ефекти, а најлош е смртниот исход. Алкохоличарите се зависници кои подолг период консумирале алкохол. По прекин на консумирање каков било алкохол од 12 до 23 часа почнуваат одредени симптоми: слабост, треска, непријатно чувство во дигестивниот тракт. Тоа се првите лесни симптоми кога телото го бара тоа од коешто е зависно. Потешки симптоми многу наликуваат на психолошки симптоми коишто ја нарушуваат менталната хигиена: анксиозност, депресија, голема вознемиреност, тахикардија, халуцинации, илузии …

Сите овие работи се први кои се гледаат. Во однос на третманот најбитно е да се апстинира од алкохолот и да се коригира нутритивниот фактор. Зависи од состојбата на пациентот се прави индивидуален пристап на зависноста.

Што е многу важно од психолошки аспект?

Фики Гаспар-Тоа е, како и кај сите зависности, паралелно да се работи на менталната хигиена. Кога имате некој кој се справува со зависност, мора да работите на самата личност, на карактеристиките, како е настаната зависноста и семејниот систем т.е. поддршка. Поддршката е клучна за да се надмине алкохолизмот, но и да се превенира повторно навраќање кон проблемот.

Многу истражувања се направени и покажуваат дека доколку се стави примерокот во идеална средина тој ќе ја занемари злоупотребата на алкохол. Причина за настанување на зависноста е стресот, вознемирувања, болести, трауми од детството. Затоа во тимот е потребен психолог кога се работи со зависникот од алкохол.

Кои луѓе се склони кон алкохолизам?

Фики Гаспар-Најсклони кон алкохолизам луѓето од понизок социо-економски статус. Сите кои се затекнати од одреден проблем, имаат шанси да патат од оваа зависност. Имајте предвид дека постојат и исклучоци. Некогаш може да видиме некој кој има сè и работа, и фамилија, но сепак да посегне по алкохолот. Има многу фактори коишто влијаат, многу е битно овде да се види и психолошката заднина.

Кои се последиците од прекумерно консумирање алкохол?

Фики Гаспар-Тоа се здравствени, потоа социјални се жигосување на алкохоличарот од околината, имаат нарушени односи со семејството, имаат ниска самодоверба, патат од анксиозност, панични напади, депресија … Затоа се и склони кон повторување на зависноста.

Што предизвикува алкохолизмот во семејството, во психата на децата?

Фики Гаспар-Имаме доста клиенти кои во семејството имаат алкохоличар. Прво се работи за нарушени односи во семејството кои негативно влијаат врз децата. Тоа делува и на создавањето релации, на емоционалната интелигенција …

За жал и трансгенерациски се повторува оваа зависност. Работите се комплексни, но едно е сигурно имаме потенцијал работите да одат на полошо кога во семејството постои алкохоличар. Освен со алкохолот тие имаат и други проблеми: остануваат без работа, не се прифатени од други луѓе, сето тоа дава тежина врз другиот партнер, а секако влијае и на децата.

Документарен магазин Приказна

Кој е Вашиот совет?

Фики Гаспар-Доколку видиме дека некој од блиските го има овој проблем да се јави на лекар и да се консултира со психолог. Во овие ситуации често состојбата се потиснува т.е. не се прифаќа реалниот проблем. 50% од поставена дијагноза е решевање на проблемот. Многу е важно да се идентификува проблемот и навремено да се реши.

Наташа Јанкулоска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,279FansLike
2,913FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ