8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Психолог Марија Конеска: Хортикултурата и градинарството го подобруваат менталното здравје

Бучава, смет, многу луѓе. Животот во големите градови може да биде прилично стресен. Пандемијата дополнително влијаеше врз стресот. Но, од друга страна, успеа да поттикне многу активности кои можат да влијаат позитивно врз менталното здравје. Една од нив беше градинарството и хортикултурното уредување.

Хортикултурата како терапија е практика докажана уште одамна. Терапевтските придобивки од градинарските средини се документирани во 19 век. Д-р Бенџамин Раш, признаен како „татко на американската психијатрија“, прв го документирал позитивниот ефект што го има работата во градината врз лицата со ментална болест.

Во последните 10 години направени се бројни студии, особено надвор од Македонија, студии во Универзитетот во Тексас, во Шкотска, кои покажуваат дека занимавањето со хортикултура и градинарство доста влијаат на менталното здравје, вели психологот Марија Конеска.

Таа додава дека самиот фокус на градинарството и времето поминато во поголема зелена површина влијае на намалување на анксиозноста и подобрување на симптомите на депресија. Како тоа всушност се случува истражувано е од страна на психолози. Самото влијание на кислородот кое се ослободува од зелените површини го подобрува излачувањето на ендорфин, односно хормонот на расположение, кој пак ни помага да го намалиме кортизолот кој е хормон на стресот. Исто така и се зголемува хормонот на допамин кој е хормон на среќата.

Според Конеска, постојат и други истражувања кои укажуваат дека занимавањето со градинарство од мали нозе кај и децата со ADHD (од англ. attention deficit hyperactivity disorder) влијаат врз подобрување на симптоматологијата на намалено внимание и концентрација.

Документарен магазин Приказна на тема хортикултура и градинарство

Самата физичка активност, занимавањето со нешто друго, надвор од работните активности, познато е дека придонесува да се намали анксиозноста, нервозата кај луѓето, додава Конеска. Како психолози, веќе го применуваме ова позитивно искуство во самите третмани покрај сите други техники кои ги применуваме, пренесуваме и работиме со нашите клиенти. Ние им укажуваме и вакви насоки, подолго време поминување во природа заради примање на кислородот кој доаѓа до мозокот за да може тој да работи подобро, изјави за Приказна психологот Марија Конеска.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ