Дома Uncategorized Пролетна алергија на полен, како да се заштитиме

Пролетна алергија на полен, како да се заштитиме

Покрај убавините кои ја прават пролетта посебна, голем дел од населението во ова годишно време се соочува со алергиски реакции, како резултат на присуството на поленовиот прав. Поленот од цвеќињата, дрвјата и тревата предизвикува алергиски реакции кај голем процент од населението, кој расте секоја година.

Најчести симптоми се: кивање, чешање или пецкање во очите, носот или грлото, секреција на бистра и водникава течност, солзење на очите, кашлање.

За да се намалат непријатните симптоми, се препорачува: да се избегнува колку што е можно алергенот, на тој начин што ќе се ограничи престојот надвор во тој период, да се носи заштитна маска (особено кога е ветровито), да се избегнува пушењето цигари (ги влошува симптомите), лекарства (деконгестиви и антихистаминици, стероидни назални спрејови), а во најтешките случаи може да се пристапи кон десензибилизација на организмот.

Поленот се шири во воздухот и може да помине значително растојание преку движењето на воздушните струи. Постојат стотина билки кои испуштаат поленов прав кој може да предизвика алергиска реакција. Најчести билки се:

  • Бреза – Кога дрвото цвета, ослободува ситни гранули полен кои се разнесуваат со помош на ветерот.
  • Даб – Исто како брезата, дабот ослободува полен кој го носи ветерот. Неговиот полен подолго се задржува во воздухот.
  • Трева -Тревата е главен извор на алергиски реакции в пролет, но и во летниот период. Таа ги предизвикува најтешките симптоми кога е во прашање алергијата на полен
  • Амброзија -Амброзијата е билка која најчесто се поврзува со алергиски ринит. Таа е најзастапена во „доцна“ пролет и во средина на есента.

Доколку алергијата на полен навремено не се лекува, таа може да доведе до астма, која пак е хронична болест на дишните патишта, пропратена со напади како губење на воздух за дишење, кашлање и кратко вдишување.

Постои тесна врска помеѓу исхраната и тежината на симптомите на алергијата. Доколку внесувате храна која содржи високо ниво на хистамин, можно е да влошат симптомите на алергискиот ринит.

Некои намирници помагаат во справување со симптомите и тоа:

  • Ѓумбирот е природен антиинфламатор кој го намалува воспалението, отоците и иритацијата на очите;
  • Пчелен полен е вистински лек за алергиски ринит;
  • Цитрусни овошја, содржат високо ниво на витамин Ц, кој пак е познат по тоа што спречува појава на настинки и грип;
  • Куркумата изобилува со антиинфламаторни својства;
  • Доматот содржи значајна количина на витамин Ц и ликопен кој е чудотворен антиоксиданс;
  • Лососот го подобрува метаболизмот и делува на кардиоваскуларниот систем.

Сепак доколку се соочувате со алергиски проблеми, наша препорака е да побарате стручна помош.

Exit mobile version