8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Приказната на Арбнора Мемети: сакав да бидам новинарка, но станав фоторепортерка

Арбнора е новинарка, но фотографирањето и било сон, за кој не зборувала многу.

Се запишав на новинарски студии на „Јустинијан Први“. На факултетот, како гости предавачи доаѓаа и новинари со искуство. Меѓу нив беше и новинарот Бранко Геровски. Геровски уште од претходно ме забележал на терен каде одев со мал апарат и фотографирав, и секогаш кога ќе дојдеше на факултетот ме убедуваше да станам фоторепортер. Тогаш јас велев дека не сакам да станам фоторепортерка, туку новинарка. Но, работите се променија и после некое време јас сама го исконтактирав и почнав да работам во весникот каде што тогаш беше уредник. Така почнаа луѓето да дознаваат за мене и за мојата работа, вели во интервју за „Приказна“, Арбнора Мемети.

Приказна: Кој е вашиот предизвик како фоторепортер?

Мемети: Сакам да работам еден таков стил на фотографија која е новинарска фотографија, односно преку неа да раскажам приказна што се случува. Кога ќе се случи нешто, јас не можам да седам дома. Морам веднаш да одам, каде и да е тоа нешто, бидејќи чувствувам некаква одговорност да ги известам луѓето за тоа што се случува.

Последно што ми беше голем предизвик беа пожарите во Берово и Пехчево. Првиот ден бев многу далеку од местата каде беа пожарите, можеби еден километар воздушна далечина. Пожарот го гледав пред мене, но не можев да одам таму, немав пристап, не можев да фотографирам, бидејќи теренот не ми беше познат. Седум дена поминав таму. Токму седмиот ден бев блиску до пожарот и тоа е тој предизвик за којшто сакам да кажам, односно дека нема откажување уште првиот ден, туку се борите да одите што поблиску и да ги известам луѓето за тоа што се случува.

Приказна: Кого од вашата професија следите со внимание ?

Мемети: Има многу, но една што јас најмногу ја сакам е Ања Единхаус, која за жал е почината. Таа покриваше само воени зони и баш нејзината работа ми е омилена, бидејќи и јас еден ден сакам да покривам такви зони.

Приказна: Има ли родова еднаквост во оваа професија кај нас?

Мемети: Зависи. Некогаш нашите колеги не се рамноправни со нас, некогаш ние со нив. Знаете дека во нашата професија како фоторепортери сме многу малку.

Моментално во Македонија сме три жени фоторепортери и јас секогаш раскажувам за еден случај, на почетоците од мојата работа, кога заминав да ја земам опремата, една од колешките која беше покрај мене само ме праша: Ти ќе ја носиш оваа опрема? На ова добив прашање, добив одговор од еден колега дека тоа било машка професија. Јас тоа не го гледам како така и мислам дека некогаш машките колеги не се рамноправно со нас, некогаш ние со нив. Кога одиме на пример на терен, нас полесно не прифаќаат затоа што сме жени, а машките имаат проблем.

Документарен магазин Приказна на тема фотографки

Приказна: Кои се ризиците во вашата работа?

Мемети: Немаме ние такви терени за да се изложуваме на голем ризик при нашата работа, но од тоа што досега сум го искусила, пожарите ќе ги земам за пример, како терен за кој не бев подготвена ни со потребна заштитна опрема, за да одам таму и да фотографирам. Сега веќе ако повторно се најдам во таква ситуација, подобро ќе се снајдам, бидејќи имам искуство за тоа.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ