8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Приведен кумановец, осомничен е за неовластено ловење и чување на диви животни

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик, соопштува МВР. Според наведениот член во кривичниот законик предвидена е парична казна или затворска казна до шест месеци.

По претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување.

Извор МВР

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ