8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Повеќе омраза му носи на Фејсбук повеќе пари- открива „свиркачот“ Хауген

Фејсбук минува низ голема криза откако свиркачот Франсис Хауген, поранешна вработена во компанијата Фејсбук, на американските медиуми им достави документи од компанијата кои докажуваат дека знаеле за штетите предизвикани од нејзините мрежи, а и дека Инстаграм може да наштети на менталното здравје на тинејџерките. Пред медиумите доставила над 10 илјади страници интерни истражувања кои се однесуваат на проблемите со дезинформациите.

Мрачните тајни на компанијата Фејсбук излегоа на површина. Ги сподели поранешната вработена во компанијата во интервју. 37-годишната Хауген претходно работела за компании како Гугл и Пинтерест. Таа ги обвинува за измама на јавноста, загрозување на безбедноста на децата, поттикнување насилство и многу повеќе.

Личноста која го потресе Фејсбук и пред неговиот пад вчера, Френцис Хауген во моментов е најпознатиот „свиркач“ во светот. Поранешната вработена во Фејсбук поднесе сериозни обвинувања против некогашниот работодавец. Таа зборуваше во американската ТВ емисија 60 минути во неделата, а синоќа и пред американскиот Сенат.

Хауген наведува дека е спроведено внатрешно истражување во Фејсбук кое никогаш не било објавено. Тоа покажало дека Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, негативно влијае на менталното здравје на тинејџерите. Дури 32 проценти од анкетираните тинејџери велат дека се чувствуваат полошо поради Инстаграм.

Фејсбук знае дека неговите применливи алгоритми можат кратко да водат од безопасни теми како здрави рецепти, до содржини што промовираат анорексија, објасни Хауген. Според неа, коренот во проблемот на Фејсбук е во промената на алгоритамот направена по 2019 година со која се менува она што може корисникот да го гледа како новости на „ѕидот“.

Од Фејсбук, во својот исказ, тврдат дека Хауген одговарала на прашања за кои немала директно знаење. Таа ја напуштила компанијата претходно годинава. Пред да замине, копирала серија внатрешни документи кои покажуваат дека компанијата лаже за значителен напредок во борбата против омразата, насилството и дезинформациите. Од компанијата ова го демантираат. „Тврдењето дека замижуваме пред повратните информации ги игнорира нашите значајни вложувања, вклучувајќи ги напорите на 40.000 луѓе кои работат на безбедноста на Фејсбук, како и нашата вложување од 13 милијарди долари од 2016 година“, изјавила Лена Пич, директорка за комуникации на компанијата.

Хауген открива дека компанијата Фејсбук сфатила дека ако го смени алгоритамот во побезбеден, луѓето ќе поминуваат помалку време на платформата, со тоа ќе има помалку реклами и помалку профит.

Хауген, исто така, упати и остри обвинувања за немирите во Капитол во САД на 6 јануари, тврдејќи дека Фејсбук помогнал да се поттикне насилство.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ