8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Пеце од „Суперхикс“: И после 27 години, се’уште го живееме стрипот на „Алан Форд“ и ликот Суперхик

Формирана во 1993 година, македонската музичка група Суперхикс, позади себе има голем број на студиски албуми, компилациски изданија, но и значајни настапи во земјава и светот, делејќи ја сцената со значајни музички имиња како Ману Чао, Грин Деј, Гогол Бордело и други. Интересна е приказната за името на групата, кое доаѓа од Суперхик, лик од стрипот “Алан Форд“, лик кој краде од сиромашните и дава на богатите, а сето тоа го постигнува со својот смрдлив здив. 

Чија беше идеја не можам баш да се сетам, но мислам дека е моја, заедно со тогашниот, прв тапанар на групата Зоран Жежов, кој живее во Германија веќе подолго време. Бевме испирирани од стрипот „Алан Форд“, односно ликот Суперхик, лик кој краде од сиромашните и дава на богатите и мислам дека тој херој или анти-тип на херој е се’уште актуелен и ден денес и тоа преку разноразни олигарси и политичари кои го користат тој момент и делуваат како такви и ете може да кажеме после 27 години многу работи не се сменети и сеуште го живееме тој стрип, вели Пеце од „Суперхикс“ за „Приказна“.

Алан Форд деновиве се појави повторно во некои понови реизданија, но според Пеце, тоа не е истиот Алан Форд кој што бил некогаш, повеќе посветен на сатирата, иронијата и хуморот.

Она што Алан Форд го донесе како стрип и концепт и ден денес е актуелно. Таа иронија и сатира и хумор на сметка на тоа што ни се случува во секојдневието, како корупцијата, лоповлукот, кражбите, мислам дека се’уште е толку актуелна и ако тогаш не водел, и ден денес е истото, нема некоја разлика, додава Пеце.

Сепак, Алан Форд не е единтвениот стрип кој бил инспирација за Пеце и момците од Суперхикс.

Емисијата Приказна посветена на стрип културата

Алан Форд е само дел од оние стрипови со кои што сме растеле. Впрочем морам да го покажам последниот музички албум на Суперхикс, кој самиот по себе е стрип. Воодушевени бевме од многу други изданија.Се што беше стрип порано се читаше и се негуваше како култура. За жал мислам дека нашите деца и овие генерации тоа не го негуваат и не се многу запознаени со оваа култура, повеќе се на своите таблети и телефони, но ќе се обидеме да им ја пренесеме љубовта кон овие стрипови, вели Пеце.

Стрипот како деветта уметност, која во себе носи древен јазик на ликовно изразување, е меѓу најстарите визуелни медиуми во светот и на различни начини влијаел врз општата култура во светот. Приказната за нашите Суперхикс е само еден пример од дома. Дека уметничкиот и едукативниот потенцијал на стрипот треба да има подобар третман во Македонија, тоа е повеќе од јасно, бидејќи вреди секоја негова приказна која можеме да ја пренесеме на новите генерации.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ