15.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022
spot_img

Пауновска: странските туристи го препознаваат потенцијалот на македонското вино

Винарија Лазар е скриена оаза. Лоцирана непосредно до античкиот локалитет „Стоби“, како дел од тиквешкиот вински регион, пред македонската винска публика истапува со високо квалитетни бели и црвени вина произлезени од спојот на традицијата во одгледувањето на винско грозје и модерната енологија. Винаријата е сопственост на енолог, Лазар Ристов.

Тимот на Приказна разговараше со Светлана Пауновска од винаријата Лазар за нивниот потенцијал.

Приказна Дали пандемијата влијаеше на љубителите на виното во вашата винарија?

Пауновска На почетокот од минатата година поради пандемијата, беше намален бројот на посетители, но, веќе оваа година, бројката е малку зголемена. Кога доаѓаат гостите, сакаат да пробуваат од црвените вина.

Приказна Какви се реакциите на странските туристи? Дали го препознаваат нашиот регион какон вински?

Пауновска Странците кога ќе дојдат, за тоа се интересираат прво, каде се лозовите насади и според тоа проценуваат какво вино би произлегло. Доста се заинтересирани за нашиот регион, затоа што знаат дека оттука произлегува убаво вино и сакаат да го дегустираат секогаш.

Приказна Кои вина најчесто ги бираат гостите?

Пауновска Кратошијата најмногу ја сакаат, потоа Мерлот и Каберне, но Кратошијата како традиционална најмногу се бара.

Од белите вина работиме со Шардоне, Темјаника, Грашевина, италијански Ризлинг. Гостите ја обожаваат Темјаниката, но сакаат и Шардоне. Интересна е и Грашевината, затоа што мал дел од нашите винарии ја имаат.

Приказна Има ли нашата земја потенцијал за развој на винската индустрија?

Пауновска Имаме многу добар потенцијал, затоа што почвата кај нас е погодна за лозови насади, а од тоа произлегува и убавото и квалитетно вино.

Емисија Приказна посветена на винските приказни

За Приказна,

Бранка Чочкова,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ