8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Опра Винфри: Од напуштено и злоставувано дете, до неверојатно популарна личност

Некои приказни се неверојатни, други тажни, трети пак делуваат нереално. Некои веруваат дека сè во животот е судбина, други сметаат дека сами ја креираме истата. Некои луѓе се создадени и покрај тешките моменти, да соберат сила, да се издигнат од дното и цврсто да застанат повторно на нозе. Опра Винфри е една од тие личности.

За многумина таа служи како инспирација, особено за жените ширум светот. Таа е редок пример на личност која има емпатија, има способност да сочувствува со туѓата болка, да помогне на луѓето да ги пребродат тешките периоди во животот.

Опра Винфри

Опра имала тешко детство. Мајка и била сиромашна, па ја испратила Опра да живее со нејзината баба до нејзината 6-та година. Откако мајка и била спремна да ја прими назад, животот на Опра почнува да станува темен. Иако живее во сиромаштија, на 9 годишна возраст доживува сексуално насилство од членови на фамилијата. На 14 години останува бремена. Мајка и во текот на бременоста ја брка од дома. За жал, таа го губи бебето. Во тие тешки мигови, има обид за самоубиство.

Првично треба да оди во притвор за девојчиња. И покрај тоа што неубавите настани биле голем дел од нејзиниот живот, таа сепак наоѓа светла точка во тунелот и почнува одново.

Опра е родена 1954 година во Мисисипи. Израснала во сиромашни услови, но нејзиниот карактер ја издигнал и одвоил од останатите. Колку препреки и да имало пред неа, наоѓала сила и продолжувала напред кон успехот. Студирала во Нешвил и паралелно работела во истоимената телевизија. Потоа се сели во Балтимор каде води вести и домашна емисија. Се појавува во филмот на Стивен Спилберг „Пурпурната боја“. Станува позната по нејзиното токшоу кое го води 25 години.

Опра Винфри

Оваа силна жена смета дека секој треба да чита книги, бидејќи книгите можат да дадат одговор на повеќето од навидум нерешливите прашања. Таа е основач на две списанија-магазини, а има и свој клуб „Книгата на Опра“, кој е составен дел од нејзината емисија.

За нејзината добротворна мисија, во 2013 година од страна на тогашниот Претседател Барак Обама, го добива претседателскиот медал на слободата.

Опра ќе рече: „Процесот на стареење е најдоброто нешто што ми се случило. Будејќи се наутро, се радувам на фактот што сум сè уште тука. Ја имам можноста да почнам повторно и подобро“.

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ