16.8 C
Skopje
Sunday, May 29, 2022
spot_img

Оливер Симонов: помогнете ми ја да си земам ќеркичката од дом, оваа мизерија е неиздржлива!

Оливер Симонов има триесет и три години и со потекло е од Свети Николе. Пораснал во семејство на разведени сопружници, детството и дел од младоста ги минал со таткото и сестрата. Во детството бил многу повлечен, па често го навредувале другарите. Одлучува да се ожени и да создаде семејство, добива и социјален стан. Пред три години го доживува и најубавиот животен период. Му се раѓа ќерката Бојана. Но, таа среќа нема долго да трае. Жената го остава, па се премажува, а тој тоа тешко го прифаќа и преживува. Принуден е да ја остави ќеркичката во дом. Денес болен, несреќен и тажен, живее во многу лоши услови. Нема бања и тоалет. Нема бојлер и перална. Нема средства за да плати кирија и сметки. Неколку пати сакал од тага и да посегне по својот живот. Вели, кога би му помогнале, сака да си го врати детето дома, зашто деноноќно мисли на него.

Детството Оливер го поминал во Свети Николе. Бил повлечено и мирно дете кое израснало со својот татко. Посакува да стане семеен човек и затоа се жени, па со сопругата се сели во Штип.

– Бев многу повлечено и мирно дете. Мал бев кога моите се разделија, па, израснав со татко ми и сестра ми. Не бев среќен ниту како дете. Кога пораснав посакав да создадам семејство и да му обезбедам сè што немав јас-започнува со својата животна сторија Оливер.

Пред 4 години доаѓа во Штип, каде со семејството добива социјален стан. Пред три години станува татко. Тоа е најсреќниот период од неговиот живот. Но, таа среќа нема да трае долго, па, денес Оливер е сам, а ќерката Бојана во дом.

– Кратко траеше мојата среќа. Добивме социјален стан како фамилија. Сè одеше добро, сè додека еден ден сопругата не ме остави. Сам со бебето. Толку се радував кога дознав дека ќе бидам татко. Тоа беше мојот најсреќен момент во животот. Но, набрзо ми се вратија траумите од детството, се разболев, добив шеќерна болест од стрес и морав да ја напуштам работата. Бидејќи немав средства за живот, не можев да се грижам ниту за Бојана, па, бев принуден да ја оставам во дом. Тоа ми е и најголемата болка. Толку ја сакам, а не можам да бидам со неа-низ солзи вели Оливер.

Откако е сам, Оливер е во тешка состојба. Поради здравствената состојба не може ниту да работи, па, има сметки за станот и струја кои не се платени и повеќе од една година. Вели живее со стаорци, нема каде да се бања, нема каде да се пере, нема со што да си купи лекови, а често нема ниту за храна.

Порано Оливер бил скромен и вреден. Работел и заработувал. Денес се буди и заспива беспомошен и тажен зашто живее далеку од неговата три годишна ќерка.

– Да има некој да ми помогне прво ќе купам машина за перење и бојлер. Ќе ги платам заостанатите сметки и ќе си ја вратам дома Бојана. Само за неа живеам-завршува Оливер.

Сите што сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на телефонскиот број 074/240541 или пак на следната жиро-сметка 240317010511132 Уни банка.

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,398FansLike
1,404FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ