8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Од проектна задача на двајца основци, до платформа за сите генерации

Да сакаш да поминуваш време во природа е благодет, а да најдеш начин тоа како љубов и начин на живот да им го пренесеш на луѓето е навистина инспиративен предизвик. Таква е приказната на Ирена и нејзиното семејство, приказна која го мотивира секој и ги тера да се подразмислат на што ги трошат минутите од денот и колку време поминуваат во природа…

  • „Турни ме да кинисам“ е нашата приказна која со години трае, односно од кога сме семејство. Ние сме семејство кое доста време поминува во природа. Целта на овој блог е да мотивираме што е можно повеќе луѓе да поминуваат време во природа, посебно на планините и да мотивираме семејства, односно деца да поминуваат повеќе време во природа, вели Ирена.

Пандемијата не научи една многу важна работа, а тоа е дека времето поминато во природа е навистина драгоцено.

  • Многумина наши пријатели не ја разбираа нашата желба за природа, но како што почна оваа ковид ера, почнаа се повеќе да се интересираат за нашите тури, па така сфативме дека времето за „турни ме да кинисам“ е токму сега, кога се беше затворено. Луѓето почнаа да изразуваат желба да одат на планини. Имавме неколку дена наплив на идеи. Децата беа вклучени во тоа и така почна целата приказна, додава Ирена.

Овој блог е проектна задача на двајца основци кои играњето игри на таблет и бесцелното талкање по интернет, решија да го заменат со уредување на еден ваков портал….

  • Родителите кои што се моја генерација, генерално сите го имаат тој проблем околу тоа дека децата ни се постојано пред компјутери или телефон, па затоа тоа е едноставно и целиот блог, како да ги оттргнеме децата од тоа сурово секојдневие што не снајде. Верувајте природата е според мене најголемиот учител. Едноставно децата заборавија да се валкаат, да се качуваат на дрва, да трчаат … Мислам дека нема подобра моторика од тоа да ги пуштите децата да ја истражуваат природата, така да тоа е најголемата цел на сите овие тури, каде што ги прикажуваме нашите искуства.

Идеи за интересни планинарски и велосипедски тури кои вреди да ги посетите со вашите деца и личните искуства на Ирена и нејзиното семејство, се само дел од содржините на блогот…

  • Најмногу искрено ни се восхитуваат од фотографиите од повисоките планински врвови кои сме ги искачиле со децата, особено кога беа помали, претпоставувам дека им се најмотивирачки, особено кога ќе видат мали деца дека се искачиле на врв. Најинтересна е Скопска Црна Гора, како неистражена планина, а е многу блиску до Скопје. Таму има преубави места за се.

Тим од посветени љубители на природата, семејство кое инспирира и со свој придонес работи во развојот на руралниот туризам, преку зголемување на свеста за благодети што ги нуди природата за секој од нас, посебно за децата.

  • Би советувала да се охрабрат и родителите и секој слободен момент со своите деца да го поминуваат во природа, каде децата ќе се чувствуваат слободно, ќе дишат чист воздух, а за сите прашања и совети нека повелат на нашиот блог. Верувам дека таму ќе им се одговорат многу од прашањата, вели за крај Ирена.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ