8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Никола Ристановски повторно со награда за најдобар актер

Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во која членуваа: Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.

Како што стои во образложението од комисијата:

„Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспојливото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина.

Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа“.

Мила Анѓелковиќ

РСМ НУ Македонски народен театар

Фотографијата е преземена од ВРАЊЕЊУЗ.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ