33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Најчестите митови и факти поврзани со сончањето и неговото влијание врз нашето здравје

МИТ: За да добијам витамин Д, треба да се сончам

Факт: Не треба да се печете на сонце за да го добиете витаминот Д, кој е потребен за да бидете здрави

Оваа важна хранлива материја ја добивате и со нормално дневно изложување на сончева светлина, но и со храна.

Витаминот Д е многу важен. Многумина сметаат дека ќе го имаме единствено доколку се изложуваат на сонце, подолго време во денот. За среќа, тоа не е така. Витаминот Д може да го добиеме и од нашата исхрана, а едновремено ќе ги избегнеме зголемените ризици од рак на кожата кои се јавуваат како резултат на прекумерно изложување на сонце.

МИТ: Од рак на кожата заболуваат само повозрасните.

Факт: Превенцијата се брои на која било возраст.

Меланомот е најчеста форма на карцином кај млади возрасни лица на возраст од 25-29 години и втора најчеста форма на карцином кај луѓе од 15-29 години. Колку порано се изложувате на сонце предолго, толку поголем е ризикот да добиете рак на кожата подоцна во животот. Ова особено е точно, ако сте имале изгореници.

Кога станува збор за рак на кожата, најголемиот фактор се чини дека е изложеност на УВ-зраци во текот на вашиот живот, вклучувајќи ги и детството и младоста.

МИТ: Не треба да користите крем за сончање во зима или кога е облачно

Факт: Кожата треба да се заштити од УВ зрачење, секогаш.

Штетните УВ зраци се присутни во текот на целата година и можат да стигнат до вашата кожа и да предизвикаат штета, дури и преку облаците.

Документарен магазин Приказна на тема меланом

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ